Ваби-саби: Јапонска филозофија за совршено несовршен живот
Несовршеноста е основниот принцип на ваби-саби, јапонска филозофија на прифаќање на своите несовршености и влечење на максимумот од животот.
Животот е непредвидлив, но тоа воопшто не е лошо. Прифатете го. Кога нештата се неизвесни, сè е возможно.
Вашите планови можеби нема да се одвиваат како што сте очекувале, но најважно е да не ги отфрлате настрана, туку да продолжите со нивна реализација.
„Ваби“ има значење на едноставност и елеганција, со фокус на филозофијата „помалку е повеќе“, додека „саби“ значи „наоѓање задоволство во несовршеностите“.
Концептот на ваби-саби лесно може да се применува врз секојдневните ситуации, во работата, во врските, постигнувањата и желбата да се достигне перфекција.
Јапонската филозофија ги учи луѓето да се фокусираат на благословот на секојдневниот живот и славењето на нештата такви какви што се, а не така како што сакаме да бидат. Ваби-саби ја слави автентичноста, комплексноста, а во исто време и едноставноста.
Ова се седумте зен филозофии на ваби-саби:
- Кансо - едноставност
- Фукинсеи - асиметрија
- Шибуми - убавина на разбирањето
- Шизен - природност
- Југен - милност и грациозност
- Датсузоку - слобода
- Сеиџаку - смиреност
Трајната и вечна мудрост на ваби-саби уште полесно може да се применува во денешното бурно и модетно време, кога луѓето се под силно влијание на материјализмот. Ваби-саби се заложува за минимализам и свесни избори.
Концептот доаѓа од традицијата на јапонската церемонија за пиење чај. Како пример се земаат прекрасно изработените јапонски чајници и шолји, кои се толку деликатни, што можат да го симболизираат животот. Но, со текот на времето некаде се поткршуваат, избледуваат, се создаваат бразди, а тоа само повеќе додава на вредноста на сервисот за чајот.
Така и за животот. Ваби-саби не е извинување за неквалитетна изработка, туку за животните лузни кои оставаат трага за сè значајно што сме направиле и како тоа влијаело врз нас како личност.
Сите тие несовршености всушност даваат приближно совршена форма. Затоа, немојте да се двоумите да ја примените оваа филозофија во својот живот. Така ќе научите како да ги надминувате пречките, но и да ги цените лузните кои ќе ги добиете додека да го остварите тоа. Бидете благодарни и прифатете ја совршеноста на тоа што сте несовршени.
Е. Д. | Црнобело