3 кризни периоди од животот во кои луѓето се чувствуваат најосамено

Постојат неколку периоди од животот во кои луѓето најчесто доживуваат криза и се чувствуваат најосамено и исплашено.

3-krizni-periodi-od-zhivotot-vo-koi-lugjeto-se-chuvstvuvaat-najosameno-01.jpg

Ново истражување од професори од Универзитетот во Калифорнија, открива дека луѓето се чувствуваат посебно осамено во одредени 3 периоди од животот.

Според статистиките, ова кризно расположение не зависи од волјата и животните околности, па можеби конечно ќе си најдете оправдување зошто не сте исти како претходно.

Сепак, не треба да се потпирате на тоа и да потпаѓате под тоа влијание, бидејќи секогаш постои начин да пронајдете нови задоволства во животот и да продолжите понатаму, независно на која возраст сте.

Кои се трите периоди на криза и зошто луѓето се осамени?

Прв период: 28-29 години

Звучи тажно, но во овој период, луѓето чувствуваат како полека излегуваат и ја напуштаат младоста, прашувајќи се – што сега, дали живеам правилно, зошто уште не сум го постигнал/а тоа што сакав, можеби згрешив, што треба да променам...

Во тој период изгледа како животот полека да поминува, а оние кои уште не се пронашле почнуваат да се сомневаат во себе и да се плашат да продолжат понатаму.

3-krizni-periodi-od-zhivotot-vo-koi-lugjeto-se-chuvstvuvaat-najosameno-02.jpg

Втор период: околу 50-тите години

50-тите години се години за почит, а до овој период, повеќето луѓе ги достигнуваат основните животни задачи – се пронаоѓаат себеси, доаѓаат до емоционална стабилност, создаваат семејство, дом, ги имаат израснато децата, и тие оствариле свое семејство и се отселиле, достигнале некој врв во кариерите...

Па, со тоа почнуваат прашањата – што сега, што е следната цел, што ми останува да правам и слично. Ова е еден привремен период во кој луѓето се во повторна потрага по суштината на животот, барајќи нови цели и активности со кои ќе се чувствуваат помладо и поважно, и со кои ќе си ја исполнат следната фаза од животот.

3-krizni-periodi-od-zhivotot-vo-koi-lugjeto-se-chuvstvuvaat-najosameno-03.jpg

Трет период: над 80 години

Доколку имате роднини кои се на оваа возраст или постари, веројатно знаете колку им станува тешко кога ги губат речиси сите пријатели, децата и внуците остваруваат свои семејства и поретко им обрнуваат внимание, а тие самите не се многу ентузијастични за животот.

Ова е период на преживување, кога речиси сè во животот е веќе постигнато, нешто недостасува, нешто е заборавено, а многу е веројатно и изгубено.

Па, на луѓето на оваа возраст им остануваат само некои спомени, а тоа ги носи до депресија и криза, но и помеѓу нив постојат такви кои знаат како да се одржуваат активни, си наоѓаат убавина и мир во староста, бидејќи сите кризи во животот може да се надминат, доколку самите сакате.

3-krizni-periodi-od-zhivotot-vo-koi-lugjeto-se-chuvstvuvaat-najosameno-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg