Кога нешто е преслатко, мозокот може да реагира со агресија
Сите сакаме слатки нешта, особено животни. Има нешто неодоливо во оние прекрасни погледи на миленичињата, на малите деца, на животните во цртаните филмови.
Но, кога луѓето се преплавени со толку слаткост, тоа може да резултира со таканаречена „слатка агресија“.
Сигурно ви е познато - гледате нешто слатко и помислувате дека сакате да го гушкате, гмечите, па дури и да го притиснете толку силно, а сето тоа само од милост.
Кога луѓето се чувствуваат вака, последно нешто што сакаат да направат е да предизвикаат болка или да повредат некого. Тоа е реакција на апсолутно позитивна емоција, но чудно е зошто доаѓа со желба за акција која може да повреди.
Често, оние кои ќе ја почувствуваат оваа агресија се срамат од својата помисла. Но, тоа се случува кога се преплавени со милост што дури и би го изеле она што е предмет на нивната емоција, но во никој случај не би го повредиле.
Ова, како појава, за првпат е дефинирано на Универзитетот Јеил. Професорите биле свесни за постоењето, но првпат сакале да видат што се случува во мозоците на оние кои го чувствуваат истото.
Во истражувањето учествувале 54 млади личности и гледале во слики од животни и луѓе. Кога перципирале нешто што им е слатко, нивните мозоци реагирале со центрите одговорни за емоции. Колку растела милоста, се забележувала активност на мозочниот систем кој покажува задоволство по награда.
Сепак, и во тој случај се работи за емоција, но доаѓа од различен дел од мозокот. Комбинацијата на двете емоции може да резултира со претерана милост, па затоа и мора да се активира спротивна емоција, која ќе ја неутрализира претходната. Токму таа спротивна емоција е онаа која спречува да ја земете мачката и да ја „исцедите“ од гушкање.
Ваквата појава научно е позната како диморфна експресија на позитивни емоции и воопшто не е ненормална, сè додека луѓето имаат контрола врз нејзе, односно не повредуваат никого поради милост.
Е. Д. | Црнобело