Опседнати сте со миленичето, детето, внуците - Бидете искрени и признајте дали сте здодевна личност?

Никој не вели дека треба да бидете подвижна енциклопедија или пак да бидете секогаш во центарот на вниманието. Но, сепак треба да поседувате извесни квалитети кои ќе ве направат вредни за разговор.

Bidete-iskreni-i-priznajte-dali-ste-zdodevna-licnost-01.jpg

За жал, доколку се препознаете во неколку од следните констатации, крајно време е да смените нешто кај себе.

Затоа што никој не сака здодевна личност во своето опкружување, ниту пак вие би сакале да бидете причината поради која луѓето неконтролирано проѕеваат, нели?

Никогаш не се спротивставувате, немате свои мислења, ниту пак зборувате за свое добро

Можеби сметате дека сте опуштена личност која нема време и енергија за дискусии и дебати. Но, вистината е дека сте по малку здодевни и време е да го смените тоа.

Едноставно не е возможно да немате изградено мислење или сопствен став за ниту една работа во животот.

Кога го искажувате сопственото мислење се поврзувате со другите луѓе околу вас и на тој начин останувате запаметени. Секако не треба да бидете напорни или премногу гласни, доволно е само да имате мислење и да го споделите.

Никој, ама баш никој не сака „мекотелец“.

Немате никакво хоби, ниту страст за ништо во животот

Не гледате филмови, не слушате музика, не читате книги, не одите на прошетки, не пиете кафе, не играте видео-игри, не планинарите, не сакате да пливате, не возите… а што всушност сакате во животот?

Доколку сте посветени барем на една работа која ве возбудува и придвижува во животот, вие природно зрачите со енергија. Во спротивно, делувате уморно и прилично неинспиративно за разговор.

Немате широк круг на пријатели

Секако, никој не очекува од вас да имате 20 најдобри пријатели и постојано да го проширувате кругот. Но, доколку вашата најдобра другарка или другар е братот, сестрата или братучетката, време е да се запрашате – зошто е тоа така.

Ви недостига амбиција во секој аспект од животот

Немате зацртано никакви цели, ниту на професионален, ниту пак на приватен план. Доколку не се стремите кон остварувањето на одредени планови кои ги имате за иднината, како очекувате да се подобрите, да созреете или еволуирате?

Навистина, кој сака да биде истата личност како кога имал 15 години?

Не можете да се вклучите, ниту пак да започнете разговор

Постојат луѓе на кои започнувањето разговор им е сосема природно. А постојат и такви кои не би умееле да се снајдат и во најобичен муабет, макар животот им зависел од тоа.

Зошто да не поработите и не го подобрите сопствениот потенцијал за конверзација? Понекогаш, и навидум тривијалните разговори може да ве одведат до интересни и големи сознанија.

Не сакате да испробувате нови нешта

Постојано сте заглавени во една иста рутина. Ја слушате истата музика од средно, се облекувате слично целиот свој живот и сè уште се плашите да испробате некој нов интернационален специјалитет и строго се држите до вашиот помфрит и пилешки стек.

Ризикувајте, ќе се изненадите колку подобро ќе се чувствувате, и колку подобар впечаток ќе им оставите на другите со вашите ширум отворени очи за нови искуства.

Нема ништо уникатно во вас

Со еден збор–вие сте заменливи. Никој не го памети вашето име, затоа што не се издвојувате по ништо од топлата. Сакате да ве запаметат, а не правите ништо да го постигнете тоа. Толку сте здодевни, што се проѕевате самите од себе.

Имате тенденција да се прилепувате до партнерот во врските

Еве ја вистинската причина поради кое го правите ова: на вашиот сопствен живот му недостасува возбуда и задоволство, па потребен ви е партнер по секоја цена со цел да ги почувствувате овие две емоции.

Постојано зборувате за една иста работа

Опседнати сте со своето милениче, со своето дете, со своите внуци или со автомобилот. И секогаш, секаде ги повторувате истите работи како некоја расипана лента. По одредено време се прашувате што не е во ред со луѓето околу вас и зошто ве избегнуваат како да сте лепрозни.

Не, не ви се љубоморни. Едноставно е – вие сте здодевна личност.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg