Опкружете се со луѓе кои ви поставуваат повисоки стандарди отколку вие самите

Ако сакате да се подобрите во животот во кое било поле, тогаш треба околу себе да ги држите луѓето кои дефинираат повисоки стандарди од оние кои самите си ги поставувате.

psiholog-nobelovec-povekjeto-lugje-ne-sakaat-da-bidat-srekjni-01.jpg

Социјалната психологија е доста интересна гранка која објаснува како луѓето ги формираат групите околу себе, без разлика на која возраст и да се наоѓаат.

Како и во многу ситуации, така и склопувањето пријателства во најмладите години се одвива по линија на најмал отпор, бидејќи за пријател во училиште го бираме најчесто оној кој седи во клупата со нас.

Но, во текот на животот тие нешта се менуваат. Социоекономските истражувања покажале дека самите можеме многу да напредуваме доколку се дружиме со луѓе кои исто така напредуваат или веќе се понапред од нас.

Од друга страна, ако се дружиме со полоши од нас, остануваме заробени во една просечност од која тешко се мрднува напред.

psiholog-nobelovec-povekjeto-lugje-ne-sakaat-da-bidat-srekjni-02.jpg

Ти си тоа што го јадеш

Јадењето во овој случај има преносна смисла. Додека растете, стекнувате сè повеќе самоконтрола врз она што го правите. Најголемиот чекор е кога ќе решите дека сакате и можете да бидете подобри од она што сте.

Многумина никогаш не би излегле од комфорната зона, но постојат и оние кои сакаат да ризикуваат и да ги тестираат своите граници. Затоа и постои познатата изрека: „Постојат два типа на луѓе - оние кои постигнуваат резултати и оние кои наоѓаат оправдување зошто не постигнуваат резултати.“

Во својот живот вие сте тие кои избирате, почнувајќи од стручно и професионално образование, работа, место на живеење, па сè до луѓето со кои сте опкружени.

Затоа, ако забележите дека тонете во просечност која не е добра за вас, потребно е да си зададете нов предизвик. Бидете со оние кои одат напред, а не со оние кои ве влечат надолу. Тоа е најдоброто нешто што можете да си го направите за себе.

psiholog-nobelovec-povekjeto-lugje-ne-sakaat-da-bidat-srekjni-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg