11 типови на луѓе што ќе ги сретнете во такси
Казанова типот
Тој е прекрасен, има силни мускули и впечатлив поглед, дотеран е и културен. Без разлика дали е оженет, секогаш им е достапен на девојките.
Комплицираниот тинејџер
Постојано зјапа во телефонот, активен е на социјалните мрежи, игра игри и користи странски зборови кои не ги разбирате.
Мудрата тетка
Таа мисли дека поминала многу во животот и си дава за право да ви каже дека треба да ја смените работата и дека никогаш не е доцна да ги бркате своите соништа. Го прави тоа дури и кога не ѝ барате совет.
Спортскиот фанатик
Оди на натпревар, а во меѓувреме ве замолува да му пуштите спортско радио за да ги слушне резултатите за ливчето кое го ставил во спортска обложувалница. Воздивнува кога голманот на неговиот тим нема да го одбрани пеналот и си ја потпира главата на прозорецот.
Амбициозниот бизнисмен
Носи костум, очила и актовка и е совршен за на насловната страница на некој бизнис магазин. Телефонот постојано му е на увото, а и кога го трга, ги става слушалките.
С. С. | Црнобело