Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кoe е вистинското време за китење на новогодишната елка?

Ова веројатно e прашањето што се провлекува низ умот на секој божиќно-новогодишен фанатик – постои ли вистинско време за китење на елката?

Koe-e-vistinskoto-vreme-za-kitenje-na-novogodisnata-elka-01.jpg

Во времето на Викторијанската ера, елките секогаш се краселе напладне пред божиќната вечер на 24 декември. Сепак, оваа традиција избледела, затоа што луѓето сакаат многу порано да започнат со китењето и радоста што тоа ја носи со себе.

Една од традициите кај католиците е елката да се украси 12 дена пред Божиќ, односно на 13 декември. Но, за нетрпеливите и ова не е доволно брзо.

Некои се одлучуваат да китат на почетокот на Адвент – четвртата недела пред Божиќ што оваа година се паѓа на 2 декември. Тоа звучи одлично за оние кои со нетрпение чекаат да украсат, а сепак сакаат да следат одредена традиција или се сентиментално врзани за одреден датум, нели?

Каква симболика има новогодишната елка во христијанството?

Преданието вели дека пред местото на раѓањето на Исус Христос растеле бор, кедрово дрво и елка.

Во знак на радоста што се родил Божјиот син, кедарот и борот му ги подариле своите плодови, а елката, бидејќи немала со што да го дарува Исус, се расплакала.

Ова го видел добриот ангел кој се сожалил над елката и ѝ симнал ѕвезда од небото која ја ставил на нејзиниот врв. Елката се свиткала и нежно ја принела ѕвездата пред бебето Исус.

Верувањето вели дека секое новогодишно дрвце треба да има украс на врвот, кој симболизира подарок за Исус Христос.

Китењето и собирањето на елката е одредено со датум, иако луѓето скоро никогаш не ги почитуваат овие датуми. Гледано од страна на Новиот завет:

  • Елката не треба да се украсува сè до Бадник (24 декември)
  • Треба да се собере на Водици (7 јануари)

Зошто овој обичај е строго почитуван од нашите христијански предци? Поради тоа што се смета дека раното китење елка, пред и после одредени датуми, носи несреќа. Во текот на годините, оваа традиција се изменила во целост.

Во Македонија елката вообичаено се кити во средината на месецот декември, некои украсуваат на 15 декември, а некои пак на 19 декември, после празникот Св. Никола.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg