Од што зависи дали ќе ги памтите соништата или не?

Колку и да напредува науката, соништата остануваат една од неразјаснетите мистерии. Спроведени се многу експерименти, но нема точна дефиниција за причините зошто сонуваме и како се одвива тој процес.

od-shto-zavisi-dali-kje-gi-pamtite-sonishtata-ili-ne-02.jpg

Ова прашање уште повеќе го комплицира и фактот дека не сите луѓе успеваат да запомнат што сонувале во текот на ноќта. Сепак, постојат одредени корелации кои даваат приближни сознанија за тоа од што зависи дали ги памтите своите соништа или не.

Полот

Во просек, жените полесно можат да се сетат што сонувале отколку мажите. Исто така, тие се и позаинтересирани за соништата и скриените пораки. Но, во исто време постои и голема бројка мажи кои памтат што сонувале, а жени кои не можат да се сетат на ништо.

od-shto-zavisi-dali-kje-gi-pamtite-sonishtata-ili-ne-03.jpg

Возрастa

Колку сме повозрасни, се намалува нашата способност да се сеќаваме на детали од соништата. Најмногу ги памтиме во тинејџерските години и адолесценцијата. Но, тоа не значи дека после нагло ја губите таа способност. Многу луѓе јасно си ги памтат соништата дури и кога се возрасни.

Типот на личноста

Ни ова не е стрикно правило, но забележани се одредени поврзаности меѓу типот на личноста и сеќавањето на соништата. Практичните луѓе помалку ги памтат, додека духовно ориентираните лесно се сеќаваат.

od-shto-zavisi-dali-kje-gi-pamtite-sonishtata-ili-ne-04.jpg

Количината на спиење

Должината на сонот е значаен фактор кој влијае врз тоа дали ќе запамтите што сте сонувале. Луѓето сонуваат на секои 90 минути од РЕМ-фазата, а во близина на утрото, сонуваат поинтензивно. Колку пократко спиете, толку помалку сонувате и помали се шансите да се сетите на сонот. Затоа и луѓето најмногу се сеќаваат на она што го сонувале за викенди.

Мозочна активност

Колку поразвиена и побујна фантазија имате, толку повеќе сонувате и се сеќавате на она што сте го сонувале. Исто, оние кои си ги памтат соништата побрзо процесираат информации и емоции кога се будни и побрзо реагираат на стимулации. Со тоа, дури и нивниот мозок додека спијат е поактивен отколку кај оние кои послабо ги памтат своите соништа.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg