Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто публиката ги сака ТВ-сериите со доктори и болници?

Популарните продукциски куќи очигледно го имаат најдено рецептот за успешна ТВ-серија - дејството во најголем дел да се одвива во болница.

zoshto-publikata-gi-saka-tv-seriite-so-doktori-i-bolnici-01.jpg

Секоја генерација има „своја“ докторска серија, како што во последната деценија (и уште неколку години) е случајот со „Grey's Anatomy“.

Некогаш тоа беше популарната „ER“, а во меѓувреме се случија и „House“, „Chicago Med“, „Private Practice“ и многу други.

Се чини дека дури и ако не е врвна продукција и ако не се многу популарни актерите, серијата во секој случај успева. Но, која е причината за тоа?

zoshto-publikata-gi-saka-tv-seriite-so-doktori-i-bolnici-02.jpg

Драма, драма и само драма

Луѓето во својата природа се суштества кои помалку или повеќе ужуваат во драмата. Кога на тоа ќе се додадат комични елементи, но и неизвесност, болка и трауми, се добива ефикасен рецепт за успешен ТВ-проект.

Токму комплексноста, која во исто време е едноставна, прави овие серии да бидат сакани и гледани. Во најголем дел, дејството е во болниците, каде тимот од омилените доктори успева да се справи со тешки болести и дијагнози, но и ги доживува најлошите сценарија кога губат пациент.

zoshto-publikata-gi-saka-tv-seriite-so-doktori-i-bolnici-03.jpg

Сето тоа го задржува нашето внимание во реалноста, бидејќи колку и да има технички грешки при медицинските третмани, многу е веројатно дека токму таков случај и реално се случува некаде во светот.

Она што исто така е типично за овие серии е и прикажувањето на приватниот живот на лекарите, она на што луѓето често забораваат кога им треба лекарска помош и си дозволуваат лошо да се однесуваат кон нив.

Едноставно, луѓето лесно се зближуваат и соживуваат со овие ликови, па затоа и секогаш им се враќаат токму на ваквите серии.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg