9 трикови со кои ќе ги обесхрабрите крадците да провалат во вашиот дом

Иако има многумина кои сè уште мислат дека кражбите на домови се случуваат само на филмови, сепак тоа е многу реално и се случува и кај нас.

9-trikovi-so-koi-kje-gi-obeshrabrite-kradcite-da-provalat-vo-vashiot-dom-01.jpg

Секако, не треба да размислувате и да се плашите од тоа, но не мора и да се водите по фразата „кој ќе ме ограби мене“, па да ги „каните“ крадците во вашиот дом со отклучени врати.

Добро е да бидете претпазливи и барем кога одите на пат, да направите нешто со што ќе избегнете вашиот дом да биде жртва на кражба.

Во продолжение прочитајте неколку ефективни трикови со кои ќе ги обесхрабрите крадците да провалат во вашиот дом:

Скријте ги вредните и скапоцени предмети кога имате непознати во домот

Кога имате мајстор кој поправа нешто во домот или не толку познати луѓе на гости, немојте да ги вадите сите важни предмети и скријте ги скапоцените работи кои ги привлекуваат очите и рацете на крадците.

9-trikovi-so-koi-kje-gi-obeshrabrite-kradcite-da-provalat-vo-vashiot-dom-02.jpg

Не дозволувајте крадците да слушнат ѕвонење на телефон

Иако во денешно време ретко кој има фиксен телефон, крадците ги „снимаат“ овие работи и користат стари трикови каде што може да им успее.

Тие ѕвонат на домашниот телефон и чекаат да видат дали некој ќе се јави, ако не се јави, значи дека е празно.

Но, ако го изгасите ѕвонењето, ќе ги збуните кога нема да слушнат звук и веројатно нема да ризикуваат.

9-trikovi-so-koi-kje-gi-obeshrabrite-kradcite-da-provalat-vo-vashiot-dom-03.jpg

Заштитете ги прозорците

Ако живеете на првите катови кои се блиску до приземје, вреди да ги заштитите вашите прозорци и да ставите решетки.

9-trikovi-so-koi-kje-gi-obeshrabrite-kradcite-da-provalat-vo-vashiot-dom-04.jpg

Грижете се за околината на вашиот имот

Ако живеете во куќа, не ја запуштајте околината за крадците да помислат дека никој не живее таму и да им дадете простор за криење – одржувајте го дворот и патеката чисти и средени.

9-trikovi-so-koi-kje-gi-obeshrabrite-kradcite-da-provalat-vo-vashiot-dom-05.jpg

Искористете ги нивните стравови против нив

Повеќето крадци се плашат да бидат фатени, па ако не се од оние најхрабрите, ќе се исплашат од знак кој укажува на заштитен објект или доколку видат камера.

9-trikovi-so-koi-kje-gi-obeshrabrite-kradcite-da-provalat-vo-vashiot-dom-06.jpg

Фрлајте ги кутиите од скапи производи паметно

Кога фрлате кутии од лап топ, таблет, телевизор и слични вредни предмети, не дозволувајте некој што ја прати ситуацијата да знае што сè имате дома.

Уништете ги кутиите пред да ги фрлите за да не привлекувате крадци.

9-trikovi-so-koi-kje-gi-obeshrabrite-kradcite-da-provalat-vo-vashiot-dom-07.jpg

Преправајте се

Ако видите сомнителни ликови кои се врткаат околу, а треба да го напуштите домот и да го оставите празен, слободно свртете се и мавнете кон прозорот како да има некој дома, или на заклучување само кажете „чао“.

9-trikovi-so-koi-kje-gi-obeshrabrite-kradcite-da-provalat-vo-vashiot-dom-08.jpg

Оставете да влегува светлина

Ако ги оставите завесите и ролетните од прозорците целосно затворени неколку дена, веднаш е јасно дека нема никој дома.

9-trikovi-so-koi-kje-gi-obeshrabrite-kradcite-da-provalat-vo-vashiot-dom-09.jpg

Растенија со боцки на влез

Ставете растенија кои имаат бодликави гранки пред оградата и под прозорците, за мисијата да биде потешка.

9-trikovi-so-koi-kje-gi-obeshrabrite-kradcite-da-provalat-vo-vashiot-dom-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Трикови што ги користат крадците и измамниците низ популарните европски дестинации Лажни питачи, улични изведувачи – измамниците и крадците низ европските градови ...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg