Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Јасни знаци дека сте жртва на семејно насилство, иако не го перципирате тоа така

Иако сите се свесни дека насилството не е правилно, сепак жртвите на истото многупати не го перципираат тоа така, бидејќи се под влијание на манипулативни техники.

jasni-znaci-deka-ste-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-iako-ne-go-percipirate-toa-taka-01.jpg

Многу жени иако не се физички злоупотребувани, се жртви на семејно насилство, а воопшто не се свесни за тоа или избегнуваат да го перципираат тоа како насилство.

Тие се затвораат во себе и дозволуваат партнерот да го контролира нивниот живот без тие да бидат свесни.

Психолошкото злоупотребување може да предизвика сериозни последици на самодовербата и да ги прави жртвите беспомошни, со оглед на тоа што многу е тешко самите или некој друг да го препознае тоа.

jasni-znaci-deka-ste-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-iako-ne-go-percipirate-toa-taka-04.jpg

Насилникот може да биде било која личност, на било која возраст или пол, а стратегиите се разликуваат зависно од околностите.  

Токму заради тешкото препознавање, во продолжение направивме листа од алармантни сигнали во кои ако се препознаете, треба веднаш да реагирате, бидејќи нешто не е во ред во врската или бракот и ви е потребна помош.

Се соочувате со психолошко насилство, ако:

  • Чувствувате дека има потреба да скриете нешто, за партнерот да не дознае.
  • Чувствувате анксиозност, депресија, но не можете да ја најдете причината.
  • Се сметате за грди ако изгледате поинаку од она што партнерот го сака од вас.
  • Мислите дека не сте способни да се справите со било каква ситуација без партнерот.
  • Во врската одите во екстреми – или сè е лошо или сè е во ред.
  • Изгледа како проблемите да никнуваат од никаде, без посебно значење, но дури и тогаш се чувствувате виновно.
  • Се плашите да споделите тајни искуства, бидејќи знаете дека партнерот ќе ги открие.
  • Правите работи само за да добиете одобрување од партнерот.
  • Ги менувате сопствените желби и потреби, за доброто на партнерот.
  • Помалку комуницирате со пријателите и семејството.
  • Мислите дека сте виновни и дека треба да бидете казнети за тоа.

jasni-znaci-deka-ste-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-iako-ne-go-percipirate-toa-taka-05.jpg

Се соочувате со психолошко насилство, ако вашиот партнер:

  • Користи фрази со кои ве омаловажува и навредува („Нема да разбереш“).
  • Ги деградира вашите достигнувања, велејќи дека сите можат да го направат тоа.
  • Ги критикува вашите желби и соништа и манипулативно ви ги намалува потребите за да се чувствувате неважно.
  • Ви кажува дека луѓето околу вас мислат лошо за вас и ви кажуваат лоши работи зад грб.
  • Губи трпение кога не ги следите неговите инструкции (правење кафе, ручек и сл.).
  • Може да помине часови и денови без да разговара со вас.
  • Ги менаџира финансиските средства на семејството сам и одлучува за вас што треба да купите, а што не смее.
  • Контролира како се облекувате, каде и со кого одите.
  • Прави шеги на ваша сметка што предизвикуват лошо чувство кај вас.
  • По вашето излегување, ви држи предавање за вашето лошо однесување и грешките.
  • Ви дава ултиматуми: „ Ако не го направиш ова, тогаш јас...“
  • Создава услови за љубовта кон вас: „Те сакам, ама...“
  • Ако кажете дека сте се почувствувале навредено, се лути и манипулира со вас правејќи се жртва пред вас.
  • Ве обвинува за неговите неуспеси, независно дали се мали или големи („Заборавив чадор зошто ти не ме потсети!“)
  • Ве обвинува вас за работи кои не сте ги направиле.
  • Ве навредува кога сте сами, а во јавност глуми дека е совршен партнер.
  • Ги преувеличува вашите недостатоци и ги носи на највисоко ниво, дури и ако нешто се случи само двапати.

jasni-znaci-deka-ste-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-iako-ne-go-percipirate-toa-taka-03.jpg

Што да правите во ваква ситуација?

Некои насилници од овој тип на почетокот изгледаат како нормални, грижливи луѓе, а потоа го покажуваат вистинското лице.

Затоа, ако се најдете во таква ситуација, прво ослободете се од вината и одговорноста која ја чувствувате за сите проблеми. Верувајте си на инстинктот и побарајте помош од пријателите и семејството или од професионалци.

Не обрнувајте внимание на заканите на партнерот и покажете сила, бидејќи тој манипулира со вас кога вашата вредност е ниска и паѓате под негово влијание.

Најважно од сè – не верувајте на зборовите дека ќе се промени, бидејќи тоа е круг од кој нема изглез.

jasni-znaci-deka-ste-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-iako-ne-go-percipirate-toa-taka-02.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 знаци дека сте личност со комплексен карактер (и многу луѓе не можат да се справат со вас) Мразите празни разговори и рутина, здодевни ви се и ве нервираат - на „Како си?“...
10 знаци дека вашата пријателка е токсична за вас (и треба да се оддалечите) Се чувствувате истоштено после секоја средба со неа, се чувствувате како пријате...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...
Збунувачки фотки што треба да ги погледнете двапати за да ви станат јасни Многу реалистичен графит, куче кое изгледа како да има многу долг врат… Многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg