„Сите ме мразат, сакам да се затворам во 4 ѕида“ - Дали се уништувате самите себе?

Секој од нас, во одреден момент од животот може да се почувствува вака. Секому се случуваат лоши работи.

Dali-se-unistuvate-samite-sebe-01.jpg

Разликата е во тоа што некои решаваат да преземат нешто и успешно ги надминуваат темните облаци, а другите дозволуваат облакот да прокиснува над нив без да мрднат со малиот прст.

Каква личност сте вие?

Постојано ја чекате подобрата иднина

Среќните луѓе се обидуваат да го извадат максимумот од сегашниот миг. Деструктивните ги вложуваат сите надежи во подобра иднина, која очигледно никако не пристигнува за нив, вечно незадоволни од СЕГА и ТУКА.

Трошите премногу време (и пари) на материјални работи

Да претпоставиме дека во минатото не сте имале доволно финансии да си ги дозволите сите големи и мали материјални нешта по кои сте копнееле.

Денес сте целосно обземени со чувството на моќ, дека може да си дозволите сè што ќе посакате. Сепак, ваквото чувство на задоволство трае кратко. Во превод – трошите премногу време и пари на материјални работи кои не ве усреќуваат на долгорочни патеки.

Останувате дома и ги избегнувате другите луѓе

Да, понекогаш ни е потребно да се исклучиме од светот и да ги наполниме батериите. Но, доколку константно имате потреба да сте сами и затворени во 4 ѕида, тонете уште подлабоко во црнилото, дозволувајќу му целосно да ве обземе.

Дружбата со другите луѓе ќе ви помогне да ги исфрлите негативните мисли од главата, ослободувајќи се од сопственото незадоволство.

Себеси се доживувате како жртва

Сè лошо ви се случува вам, вие сте најголемиот малер кој постои. Вие секогаш мора да го изодите најтешкиот пат и да се помачите за сè во животот. Сите се против вас и никој не ве сака. Луѓето кои се склони кон негативно размислување, најчесто и привлекуваат исти такви реакции и ситуации.

Променете го начинот на размислување и сопственото дејствување и веднаш ќе забележите промена кон подобро. Не присвојувајте ја улогата на жртва, бидете победник.

Вечни песимисти

Чашата не е ниту полу наполнета, ниту полу празна. За вас воопшто не постои чаша. Го гледате најлошото во секоја можна ситуација. Не е никакво чудо што сте ѝ напорни на околината и најчесто ве избегнуваат за дружба.

Ги преувеличувате работите, секако оние лошите

Од најобични ситуации, вие правите драма. За малку ќе ве удрел автомобил и ќе сте загинеле на самото место. Толку ве боли главата што само вие страдате од такви непријатни мигрени.

Лошите работи ги преувеличувате, а добрите ги занемарувате или ги кажувате со половина уста. Ова е секако мошне нездрав пристап кон животот.

Ги криете проблемите под тепихот

Не само што не им признавате на другите луѓе дека имате проблеми, туку одбивате и самите да се соочите со нив.

Наместо да си ги признаете грешките, да побарате прошка или помош да го решите проблемот, вие ги буткате под тепихот и згора на тоа се поставувате надмено или целосно индиферентно.

Не се обидувате да направите промена во животот

Ги имате истите ставови откако знаете за себе, и сметате дека секој кој го менува мислењето е лицемер. Упорно се држите до истите места, навики, јадења, вкусови, без да испробате нешто ново и различно.

Време е за промена, преземете ризик, макар почнувајќи со промена на вашата секојдневна рутина или испробување ново јадење или кафе. Голема е веројатноста дека позитивно ќе се изненадите.

Љубоморни сте им на другите

Ете, на другите сè им оди како подмачкано, додека вие мора да се помачите во животот. Сите други се посреќни, поуспешни, посакани. Завидливи сте, пркосни и им љубоморите на сите што имаат насмевка на лицето, а вие шетате наоколу како темен облак.

Конечно, не е до другите, до вас е. Ништо нема да постигнете со срце исполнето со горчина и љубомора. Наместо тоа, отворете го кон светот, подготвено да прими и да даде љубов.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg