Како изгледа готвењето на Антарктикот на -70°C? (фото)
Замрзнувањето на продуктите е вистински приказ за екстремните временски услови на ова изолирано место на планетата.
Cyprien Verseux работи во најоддалечената научна база на светот Concordia Station на Антарктикот. Ова ненаселено место, далеку од цивилизацијата, е едно од најизолираните места на планетата.
Додека прави истражувања, Cyprien води и свој блог каде прикажува како изгледа начинот на живот таму. Во суровото опкружување некои од најлесните работи се навистина тешки за изведување.
За време на 9-те месеци зима таму толку е студено што возила ниту доаѓаат, ни заминуваат. Моментално престојуваат 13 луѓе и поради недостигот на кислород и температурите кои стигаат дури и до -80°C во текот на зимата им изгледа како да живеат на друга планета.
За забава Cyprien одлучил да излезе надвор за да готви. Продуктите се замрзнуваат и се вистински приказ за екстремниот студ на Антарктикот.
Дел од неговите забавни фотки: