Што да направите кога имате премногу идеи и не успевате ништо да завршите?
Креативните луѓе имаат сериозен проблем - некогаш имаат толку многу идеи што не знаат од каде попрво да почнат и на што да се посветат.
Затоа, паѓаат во искушенија да почнат многу нешта наеднаш и да мислат дека ќе управуваат успешно со сè, но за жал, не секогаш оди по планот.
Иако сите овие проекти започнуваат со огромна доза ентузијазам и посветеност, често завршуваат со откажување од идејата и неуспех, сосема спротивен на очекувањата од почетокот.
Проблемот не е во тоа дека идеите се лоши, туку дека не секогаш треба да се тежнее за сите да се реализираат.
Ако се пронајдовте во описот, добра вест е што можете да го надминете овој синдром на премногу идеи на следниве начини:
1. Поставувајте си мини кратки рокови
Не постои ништо поубаво од задоволството по успешно завршена задача или проект. Но, наместо да си поставите еден краен рок за целата работа, поделете ја во етапи, за кои си имате зададено одредено време. Задоволството ќе биде уште поголемо, а вие помотивирани да работите.
2. Правилото 80:20
Ова правило гласи дека 20% од она што го правите учествува со 80% во постигнатите резултати. Секоја цел, без разлика дали се работи за работа или за нешто лично, разделете ја на 80:20. На пример, ако сакате да вежбате повеќе за да изгубите вишок килограми, посветете 20% на интензивните вежби, кои имаат поголем удел во слабеењето, а 80% на полесните вежби, како што е загревањето и истегнувањето.
3. Верувајте му на своето претчувство
Ако нешто однатре ви кажува дека вашата замисла ќе биде успешна, тогаш верувајте си себе и посветете се на исполнување. Но, ако постои и најмало двоумење, можеби треба да се откажете од планот или да најдете друг пристап за негова реализација.
4. Навикнете се да ги завршувате започнатите работи
Навиката за завршување на започнатото ќе ви помогне да не се соочите со купче недовршени нешта кои се на самиот крај. Подобро е да ги завршувате нештата постепено, без да оставате да се натрупаат. Истовремено, имајте и разумни очекувања од себе, што води до следната точка...
5. Кога треба, откажете се
Ако гледате дека нешто не оди како што треба, а ви одзема премногу време и ве фрустрира, тоа е знак дека треба да се откажете.
Секако, во некои ситуации откажувањето е неизбежно, затоа што енергијата ви е потребна за нешто за што, како што претходно кажавме, вашето претчувство ви дава позитивни сигнали.
Е. Д. | Црнобело