Нелегални работи кои ги правите секој ден
Скоро секој ден симнувате по некоја епизода од омилената серија, се поврзувате на отворени Wi-Fi конекции, пиете од водата пред да ја платите на каса во супермаркетот... Кој би рекол дека сето ова е нелегално?
Несвесно, многу лесно може да бидете уловени како престапник, бидејќи секојдневно правите по барем една од следниве 8 нелегални работи:
Симнувате филмови и серии од торенти
Не е големо изненадување, но за пиратските верзии од омилените филмови и серии може да одговарате пред законот.
Поврзување на отворена Wi-Fi мрежа
Само затоа што некој не ставил пасворд, не значи дека е легално да ја користите неговата Wi-Fi мрежа без прашање.
Користење на лажно име онлајн
За лажирање на било какви лични податоци може да бидете кривично обвинети и гонети. Да не споменуваме доколку користите туѓи имиња и податоци.
Гледање серии и филмови онлајн (стриминг)
Повторно, само затоа што гледањето серии и филмови онлајн е лесно достапно, не значи дека не е казниво. Стримингот е уште еден прекршок кој го правите често и несвесно.
Ја пиете водата или јадете храната пред да ја платите на каса
Честопати кога сте гладни или жедни, знаете да го отворите продуктот пред да го платите на каса. Но, во некои супермаркети може да бидете опоменати, па дури и казнети заради тоа.
Пишувате пораки додека возите
Постои закон против користење на мобилните телефони додека возите, вклучувајќи го и куцкањето.
Споделување на пасвордот
Многу луѓе се принудени од една или друга причина да го споделат својот пасворд со колегите, надредените, партнерот... без да знаат дека е комплетно нелегално некој да ви го бара пасвордот.
Користење на социјални мрежи ако сте помлади од дозволеното
Генерално, ако имате под 13 години, не смее да имате пристап до социјалните мрежи. Некои дури и се ограничени за лица над 16 години, на пример WhatsApp.
М. Д. | Црнобело