Водопад со оган, опседнати хотели и гробишта - 15 најмистериозни места во светот
Почнувајќи од енергетски карпи во пустелијата на Австралија па сè до морничави хотели како излезени од новела на Стивен Кинг и домови на познати вампири во Источна Европа, оваа листа на мистериозни места опфаќа практично сè што е чудно и бизарно.
Без разлика дали сте само турист или пак авантурист во срцето, овие необични места ќе ве заинтригираат со своите приказни.
Прочитајте нешто повеќе за 15-те најмистериозни места во светот:
Бермудскиот тријаголник, Атлантски Океан
Приказните за исчезнати бродови, урнати авиони, па дури и исчезнати луѓе се појавуваат од водите на Бермудскиот тријаголник со векови.
Регионот со големина од повеќе од половина милион квадратни километри е познат и како Ѓаволскиoт тријаголник.
Некои луѓе тврдат дека магнетските аномалии се тие што ги расипуваат стрелките на компасите, други пак велат дека виновници се тропските циклони, а трети пак дека нема никаква мистерија.
Денес ова место е многу полесно да се посети за разлика од порано, особено доколку одите на островите Туркс и Каикос на југот од тријаголникот.
Банф Спригс хотелот, Канада
Поради приказните на Стивен Кинг и филмот „Сјаење“ на Стенли Кјубрик, хотелот Банф Спрингс се здоби со слава на хотел опседнат со духови и мистериозни случки.
Локалците раскажуваат приказни за цела фамилија којашто била убиена во собата 873 или пак за вратари коишто ги снемува одеднаш.
Доколку сте расположени за вакви „претстави“, можете да си резервирате соба за престој во хотелот, а патем и да ги искористите блиските скијачки патеки.
Трансилванија, Романија
Ридовите обраснати со густа шума, замаглените планински врвови и средновековните гратчиња со камени градби како што се Сибиу, Брасов и Клуж, сите заедно придонесуваат во морничавата атмосфера на овој регион во срцето на Романија.
Но, најинтересен од сето ова е замокот Бран. Овој замок изграден во готски стил се поврзува со приказните за Влад Тепеш „набивачот на колови“, најкрвожедниот од Валакиските кралеви и инспирација за приказната за гроф Дракула, односно Носферату.
Искривената шума, Полска
Јужно од градот Шечин во истокот на Полска, веднаш до западната граница на Германија, се простира мала шумичка од 400 борови дрвја коишто ќе ве вчудовидат.
Целата шума е искривена под агол од 90 степени во својата основа, а потоа стеблата се извиваат право нагоре.
Не се знае точно зошто се случило ова, а има теории дека е или од јаки врнежи на снег или пак од некои необични техники на сечење на дрвјата.
Тврдината Бангар, Индија
Твдината поставена на ридовите Аравали се верува дека одекнува со гласот на проколнатата принцеза и нејзиниот поробувач, волшебникот Синај.
Се верува дека волшебникот сакал да ја зароби младата принцеза со помош на љубовен напиток, но планот му пропаднал и тој умрел, но пред неговата смрт ги проколнал сите жители на Бангар.
Никому не му е дозволено да го посетува замокот навечер, а локалните жители имаат и приказни за неколку смртни случаи како резултат на клетвата која сметаа дека сè уште трае.
Планинскиот мотел Скрид, Велс
Поставен на работ на националниот парк Брекон Биконс, планинскиот мотел Скрид е преполн со приказни за минатото.
Некои велат дека овој мотел бил место на собирање на велшките борци на отпорот против Хенри IV. Други тврдат дека порано бил судница каде што криминалците не само што биле осудувани, туку и бесени.
Патем, сè уште виси јамка за бесилка на полиците внатре во мотелот.
Лондонската кула, Англија
Старата лондонска тврдина е место каде се обезглавувале кралеви, се затворале државни непријатели и се ковале завери од Тудорите до Елизабетанците.
Приказните за опседнатост со духови започнале со појавата на духот на Томас Бекет (светец маченик), за кој се вели дека внимавал како се одвивала доградбата на палата од својот гроб.
Сепак, најголемо внимание привлекол сеништето на Кралицата Ен Болејн, односно нејзиното безглаво тело во близина на местото каде што била убиена од страна на Хенри VII во 1530 година.
Водопадите на вечниот оган, САД
Длабоко во Чеснат Риџ паркот се наоѓа скриеното чудо на Шејл Крик. Овој природен феномен наречен „Водопади на вечниот оган“ е навистина мистерија кога вреди да се види.
Тој ги спојува двата најсилни елементи на земјата, водата и огнот. Зад постоечките водопади се наоѓа оган кој никогаш не гасне, а најверојатно причина за овој оган е природен извор на гас помеѓу карпите.