Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 луѓе откриваат која е најголемата добрина што непознат човек ја направил за нив

За вас тоа може да биде ништо, но за некого сè. Малите добри дела оставаат трага за цел живот.

5-lugje-otkrivaat-koja-e-najgolemata-dobrina-koja-stranec-ja-napravil-za-niv-01.png

Сè почесто ни изгледа дека околу нас има само негативност, но сепак постојат многу убави приказни кои ни ја враќаат вербата во добрината на луѓето.

Мора да запомниме дека со само една мало добро дело некому можеме да му го промениме животот. Тие гестови некои луѓе ги помнат цел живот.

Неколку луѓе откриваат кога комплетни странци им го разубавиле денот:

„Имав само 23 години и патував на другата страна од светот. По 13 часовен лет стигнав таму, но никој ми немаше кажано колку може да биде студено во таа земја во пролет. Се тресев тенко облечена, без багажот во моја близина, кога човекот кој стоеше позади мене појде до кафематот и ми донесе топло чоколадо. Mе загреа и ми го подобри расположението на самиот старт од ова епско патување. Луѓето можат да те изненадат дефинитивно.“

„Бевме во Дизниленд со мојата 3-годишна ќерка. Кратко време откако ѝ беше дијагностициран аутизам. Во тој период се бореше да воспостави интеракција со секој што не го знае добро и навистина ѝ беше тешко да контактира со странци. Во тие неколку дена престој таму групата вработени за неа приредуваше вистинска магија. Ѝ пристапуваа внимателно и ја учеа како да си игра и да се забавува. Направија голема разлика во нејзиниот живот, поточно внесоа магија во нашите животи во тие тешки мигови.“

„Еднаш трчав додека надвор истураше дожд и жена што стоеше пред влезот на една зграда само ми го подаде нејзиниот чадор и ми рече да го земам и да го задржам. Таа веќе пристигнала дома, не ѝ бил потребен, а дома имала уште 3 чадори, ми кажа. Комплетно ме трогна.“

5-lugje-otkrivaat-koja-e-najgolemata-dobrina-koja-stranec-ja-napravil-za-niv-02.jpg

„Во автобус една жена со својата пријателка зборуваше како не може да пронајде соодветен стан за неа и нејзиниот партнер, кога ненадејно стана и истрча кај предната врата од автобусот. Таа видела дека еден стар чичко со бастун како се мачи да се качи и веднаш скокна на помош. Потоа го стори истото и кога се симнуваше чичкото. Не ми помогна мене, но дефинитивно ми го разубави денот со својата прекрасна душа.“

„Имав стресен ден на работа и на пат кон дома ми снема бензин. Застанав за да наполнам и кога требаше да платам сфатив дека на мојата картичка нема доволно средства. Ме фати паника, кога една жена зад мене ми кажа дека нема зошто да се грижам и таа ја плати мојата сметка. Бев толку изненаден и благодарен. Не можев да ѝ кажам колку многу сум ѝ благодарен. Нејзиното добро дело ми го разубави ужасниот ден. Потоа земав контакт од неа и ѝ ги вратив парите, заедно со букет цвеќе. Заслужи и многу повеќе од тоа.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg