Ако напнато трубиш на свирката во 8 сабајле, нема да стигнеш порано на работа

Дали на моменти се чувствувате презаситено од сите тие притисоци што ви се сервираат од секоја страна?

ako-napnato-trubish-na-svirkata-vo-8-sabajle-nema-porano-da-stignesh-na-rabota-001.png

Наутро стигнувам на работното место 10 минути пред 8 часот и слушам трубење на свирки небаре најпознатата мома се мажи. И, среќа да беше така и поводот да беше за убаво, ама не е така. Тоа трубење рано наутро е од сите тие луѓе кои тргнуваат на работа во последен миг, па и подоцна од тоа, и очекуваат да стигнат на време. Е па некако си нема логика, зарем не?

Толку негативни вибрации шират на околината, толку стрес предизвикуваат кај луѓето без потреба. Можам да замислам само тие како изгледаат со шилци што излегуваат од нив, со очи што горат од бес, со немо пцуење, често и гласно, го почнуваат денот, па како ли очекуваат дека ќе им заврши?

Зарем од вака напнато почнат ден може да очекуваат добра завршница?

Ќе стигнат на работа, па следуваат тон други нервози. Кој ги погледнал накриво, кој не им сварил кафе, па притискање со рокови за работа која со нормално темпо ќе се заврши во нормално време, па бесцелно седење прекувремено за да прикажат колку се „посветени“ работници, а вистината е само дека се бавни, неконцентрирани и неефикасни.

Толку се токсични за околината, а сѐ повеќе ги има. Како да стана македонски синдром да сме лути на светот од мигот штом ги отвориме очите.

И да, во ред, е, финансии, работа, деца, стресови, сето тоа е во ред, но ова дефинитивно не е начин за справување со предизвикот наречен живот. Ајде ако не да земеме пушка и да стреламе по улица затоа што коцките во мозаикот не ни се подредиле така како што сме очекувале и посакувале.

ako-napnato-trubish-na-svirkata-vo-8-sabajle-nema-porano-da-stignesh-na-rabota-02.png

Секој има нагорнини и падови во животот и тоа е сосема нормален тек на работите, но ако утрото го почнете со насмевка, со уживање во првата голтка на кафе, со замисла што продуктивно ќе направите денес и со внимателно планирање на времето, тогаш 10 пати е поголема веројатноста дека ќе имате убав ден и дека токму денес може нешто прекрасно да ви се случи.

Доста живееме под притисок и ги притискаме другите, доста фрламе сенка врз утрата, деновите, па и ноќите на невини личности загрозувајќи ги со нашите фрустрации. Навистина никој не ни е виновен што утрото сме се успале и сега сакаме со дрско трубење преку сите автомобили да прелетаме и да стигнеме на време на работа.

И ова важи за сѐ во животот. Сами сме си одговорни за своите постапки и апсолутно никој не е должен да ги поднесува последиците од истите.

Да се обидеме барем еден ден да не ја тргнеме насмевката од лицето, да бидеме личноста која ќе шири позитивна енергија каде и да се појави и да не бидеме Македонче кое е напнато 24/7.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg