35 работи кои ќе ве променат како личност откако еднаш ќе ги направите
Пред да се „смирите“ во животот, важно е да откриете кои сте.
Што сакате, што не сакате, што ви е важно, а што не. Правете грешки. Заљубете се, повеќе пари. Изгубете се, налутете се, па научете да ги контролирате емоциите.
Важно е да ставите „штикла“ барем на половина од оваа листа за вистински да кажете дека сте живееле:
1. Испланирајте патување – само вие и куферот.
2. Купете рандом книга на старо и прочитајте ја до крај – неважно за што се работи.
3. Усовршете барем еден семеен рецепт од вашата баба или мајка.
4. Поминете цела недела без мобилен телефон. Не бидете драматични, се преживува.
5. Посетете нудистичка плажа.
6. Поминете еден викенд само со вашите родители, на некое диво место.
7. Испланирајте патување со пријателите и само дадете им ваучери, никакви понатамошни детали.
8. Практикувајте медитација. Или барем пробајте.
9. Помогнете на некој пријател/ка во организирањето на свадбата. Така точно ќе знаете дали сакате да го проживеете истото.
10. Земете меко ќебе и гледајте ѕвезди или метеорски дожд.
11. Посетете винарија и направете дегустација.
12. Тренирајте за нешто – маратон, трка во пливање, било што, само обврзете се дека ќе го завршите.
13. Поминете еден цел викенд во пижами, без да го напуштите креветот.
14. Научете да правите некој коктел – совршено. Потоа поканете ги пријателите на журка.
15. Купете некому пијачка во бар/кафуле – без задни намери и скриени желби.
16. Живејте сами.
17. Откажете се од некоја лоша навика.
18. Имајте летна љубовна авантура која нема да се надевате дека ќе прерасне во „нешто повеќе“.
19. Научете што сакате во кревет. Сексот е поинаков кога знаете што ви треба.
20. Возете спортски автомобил.
21. Прочитајте некоја лектира од средно која тогаш не сте успеале. Сега многу повеќе ќе ја цените.
22. Запишете се на курс за учење нов јазик. Доволно е да поминете барем еден степен.
23. Направете нешто што искрено го мразите. Тоа може да биде одлично освестување и отворање на умот.
24. Хранете се поздраво, со домашно зготвена храна.
25. Грижете се за телото однадвор. Одете на третмани, ставајте маски, креми, гелови...
26. Верувајте во нешто. Не мора да биде црква или религија. Доволно е да верувате во нешто поголемо од она што го гледате, не мора да му дадете облик.
27. Одете на „состанок на слепо“.
28. Букирајте авионски билет во еден правец, па останатото откријте го кога ќе стигнете на локацијата.
29. Поминувајте повеќе време под отворено небо.
30. Пливајте во океан, барем еднаш.
31. Направете нешто за што сте рекле „Ова? Никогаш.“
32. Откријте какво вино сакате. Неколкупати ќе биде мачно и грозно утредента, но вреди да знаете.
33. Избришете ги социјалните мрежи кои не ви се од никаква корист.
34. Поминете барем еден викенд кампувајќи.
35. Дајте некому втора шанса. Којзнае, можеби тоа ќе биде најдобрата одлука во вашиот живот. Или лекција.
М. Д. | Црнобело