Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


15 чудни работи кои се нормални во Америка

Од нападни реклами на адвокати до поштенски сандачиња како од филмовите во дворовите...

15-chudni-raboti-koi-se-normalni-vo-amerika-01.jpg

Американците за овие работи сметаат дека се сосема нормални, но дел од нив на вас сигурно ќе ви изгледаат чудно.

Кои работи се типични за Американците:

- Верверички! Нив ги има насекаде во Америка, додека ние се радуваме кога ретко ќе видиме една или две во градскиот парк.

- Адвокатите се рекламираат неверојатно нападно. Од билборди до реклами на телевизија, ги има насекаде.

- Насекаде го имаат поставено американското знаме. Навистина си го сакаат.

15-chudni-raboti-koi-se-normalni-vo-amerika-04.jpg

- На забавите задолжително имаат пластични црвени чашки за пијалаци. Како да им станаа заштитен знак.

- Во дворовите на американските куќи има поштенски сандачиња, како на филмовите.

- На телевизија кружат тон реклами за лекарства, од антидепресиви до оние што одат само на рецепт.

- Улиците и паркинзите им се огромни.

15-chudni-raboti-koi-se-normalni-vo-amerika-05.jpg

- Во некои места во Америка нормално е да им се насмеете и да им кажете „здраво“ на луѓе кои не ги познавате, па дури и да ги прашате како се.

- На вечера во ресторан келнерите постојано доаѓаат и прашуваат дали е сè во ред, дали ви е потребно уште нешто.

- Порциите, без разлика дали се тестенини или место, се гигантски.

- Насекаде имаат клима уреди, наместени на многу ниски температури.

15-chudni-raboti-koi-se-normalni-vo-amerika-02.jpg

- Голем дел од Американците задолжително чуваат шишенца со разни таблети при рака.

- Кај и да одите треба да извозите километри и километри.

- Имаат по десетици вкусови од секој производ.

- Опседнати се со ледено студена вода, па ставаат коцки мраз дури и во зима.

15-chudni-raboti-koi-se-normalni-vo-amerika-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg