6 неверојатни работи кои ќе можете да си ги дозволите ако сте милијардер

Од неверојатни патувања до најдобри стилисти, во какви придобивки уживаат милијардерите?

5-neverojatni-raboti-koi-kje-mozete-da-si-gi-dozvolite-ako-ste-milijarder-01.jpg

Замислете да сте милијардер, каков начин на живот би воделе со толку пари на вашата банкарска сметка?

Какви патувања ќе организирате, каков стилист ќе ангажирате и што сè ќе си купите?

Работи кои ќе можете да си ги дозволите ако сте милијардер:

Турата „Passport to 50“ - 14 милиони долари

Оваа тура е за група од 50 луѓе, кои со Боинг 767 патуваат во 20 градови за 20 дена.  Имаат луксузни кабини со оброци од најдобрите светски ресторани.

Туристите нуркаат на најубавите светски дестинации, а вечераат дури и со британското кралско семејство. Насекаде има луксуз и дијаманти, а оваа тура чини 14 милиони долари.

5-neverojatni-raboti-koi-kje-mozete-da-si-gi-dozvolite-ako-ste-milijarder-03.jpg

5-neverojatni-raboti-koi-kje-mozete-da-si-gi-dozvolite-ako-ste-milijarder-02.jpg

Куклата Madame Alexander Eloise - 5 милиони долари

Овие елитни кукли имаат облека од светските брендови како Диор и Оскар де ла Рента и модни додатоци со дијаманти и Сваровски кристали.

Колекциите се ограничени, а средствата од продажбата одат во хуманитарни цели.

5-neverojatni-raboti-koi-kje-mozete-da-si-gi-dozvolite-ako-ste-milijarder-04.jpg

5-neverojatni-raboti-koi-kje-mozete-da-si-gi-dozvolite-ako-ste-milijarder-05.jpg

Huaxi – селото на милионери во Кина

Во ова село живеат само милионери и има еднаквост во поглед на луксузните имоти, скапите автомобили и луксузниот стил на живот.

Тоа било обично село сè до 1969 година кога локалната власт отворила текстилна фабрика, која започнала да носи огромен приход. Потоа почнале да се отвораат и други фабрики, селото да се шири и да се влеваат милиони.

Гордоста на Huaxi  е една висока луксузна градба, мамка за туристите, која на 60-тиот кат има златен бик кој тежи еден тон.

5-neverojatni-raboti-koi-kje-mozete-da-si-gi-dozvolite-ako-ste-milijarder-08.jpg

5-neverojatni-raboti-koi-kje-mozete-da-si-gi-dozvolite-ako-ste-milijarder-07.jpg

5-neverojatni-raboti-koi-kje-mozete-da-si-gi-dozvolite-ako-ste-milijarder-06.jpg

Најскапата вечера – 2 милиони долари

Компанијата World of Diamonds ја нуди најскапата вечера на светот. Вклучува крстарење со јахта, возење со Ролс-Ројс, летање со приватен авион, 10 илјади рози и кралско мени со продукти за специјалитети од Алјаска, Нов Зеланд и другите делови од светот.

5-neverojatni-raboti-koi-kje-mozete-da-si-gi-dozvolite-ako-ste-milijarder-11.jpg

Најскапа фризура - од 1.5 до 5 милиони долари

Стилистот Rossano Ferretti наплаќа вакви вртоглави суми од своите клиенти како Анџелина Џоли и Селма Хаек.

Талентираниот Италијанец користи специјални техники и има синџир на луксузни салони низ целиот свет, каде неговите студенти потстрижуваат за суми од 90 до 200 евра.

5-neverojatni-raboti-koi-kje-mozete-da-si-gi-dozvolite-ako-ste-milijarder-12.jpg

JamesEdition – најлуксузниот „пазар“ за милијардери

На овој сајт за продажба можете да си купите јахта, хеликоптер или ранч во Тексас за 250 милиони долари.

Исто така, има домови со вртоглави милионски суми, па и многу повеќе на разни светски локации.

5-neverojatni-raboti-koi-kje-mozete-da-si-gi-dozvolite-ako-ste-milijarder-10.jpg

5-neverojatni-raboti-koi-kje-mozete-da-si-gi-dozvolite-ako-ste-milijarder-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 неверојатни ситуации што се случуваат само еднаш во животот (фото) Постојат ситуации кои може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќ...
Неверојатни ситуации што се случуваат еднаш во животот (фото) Некои ситуации може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќе. Дури...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Селото со повеќе страшила отколку жители - секој кукла е направена по некој починат жител Во селото повеќе нема деца и има само 27 жители, но секоја година го посетуваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg