10 причини зошто жените во 30-тите изгледаат подобро отколку во 20-тите
Жените во 30-тите имаат научено некои важни животни лекции - од тоа дека козметиката не е луксуз до тоа дека самодовербата е секси.
Дали и вие сте од оние кои со потсмев гледаат на фотографиите на кои имате 20 години и сметате дека сега кога на годините имате тројка напред изгледате многу подобро?
Повеќе не сте безгрижни и спонтани, но сте поатрактивни од кога било.
Зошто жените во 30-тите години од нивниот живот изгледаат подобро отколку во 20-тите:
Правилна исхрана
Помалку брза храна, повеќе зеленчук и вода, а со тоа повитка линија и помалку темни подочници.
Квалитетен сон
Помалку танцување до 5 часот наутро, повеќе квалитетен одмор во текот на ноќта, а со тоа поголем утрински сјај.
Спортување
Жените во 30-тите знаат дека спортот е синоним за успех и убавина и спортувањето им станува неизоставен дел од животот.
Користење на достигнувањата на козметологијата
Модерната жена во 30-тите знае дека квалитетната козметика не е луксуз, туку неопходност и совршено добро знае што ѝ одговара на нејзиниот тип на кожа.
Свесност за маните
Ги прифаќате своите мани и ги претворате во предности со помош на мудар избор на стајлинг.