Таа е поубава, тој е побогат: „Постојано се споредувам со другите, сфатив дека завидливоста ме убива“

Една жена го отвори срцето и се исповеда за нешто што ја мачи долго време и тоа не само неа, туку целото човештво сè повеќе.

taa-e-poubava-toj-e-pobogat-postojano-se-sporeduvam-so-drugite-sfativ-deka-zavidlivosta-me-ubiva-01.jpg

Станавме завидливци, нè мачи туѓата среќа, нè боли туѓиот успех. Како стигнавме дотаму кога тоа не ни носи ништо добро?

Нејзината исповед:

„Наместо да чувствувам искра на инспирација кога ќе чујам некоја успешна приказна, јас сум преплавена со бран на љубомора. Ме мачи помислата дека таму има некој друг кој стигнал до дестинацијата, долго пред моите стапала воопшто да појдат по таа патека. Се чувствувам ужасно, како да не сум доволно добра и како да никогаш нема да бидам.

Полека сфаќам дека главната причина за мојата несреќа е споредувањето. Го споредувам својот успех со туѓиот. Мојата убавина ја споредувам со онаа на беспрекорната Инстаграм ѕвезда со совршена кожа. Ја споредувам количината пари што ја заработувам. Го споредувам мојот љубовен живот. Го споредувам мојот глас, мојата насмевка...

taa-e-poubava-toj-e-pobogat-postojano-se-sporeduvam-so-drugite-sfativ-deka-zavidlivosta-me-ubiva-05.jpg

Никогаш не сум задоволна. Никогаш не се чувствувам добро за себеси. На миг знам пред огледалото да бидам задоволна од тоа што го гледам, но во моментот кога ќе излезам од мојот дом и ќе видам поубава девојка сето тоа паѓа во вода. Сфаќам дека колку и да се трудам околу мојот изглед, никогаш нема да бидам најубавата девојка во просторијата.

Никогаш не уживам во моментот и низ главата ми се врти што сè можев да направам подобро. Под стрес сум, несигурна, анксиозна, параноична.

Сфаќам колку љубомората стана деструктивна за мојот живот. Уништив врски бидејќи имав проблеми со довербата во луѓе кои не го заслужуваа тоа. Изгубив пријателства со луѓе кои само ми го посакуваа најдоброто. Си ја уништив самодовербата, постојано во умот премотувајќи си ги најсрамните мигови од мојот живот.

taa-e-poubava-toj-e-pobogat-postojano-se-sporeduvam-so-drugite-sfativ-deka-zavidlivosta-me-ubiva-03.jpg

Уморна сум од чувството дека не сум доволно добра. Не сакам повеќе со завидливост да гледам на другите, сакам да научам да се радувам на нивните успеси.

Полека учам како да престанам да се мразам себеси, учам да го заменам бесот кон другите со воодушевување, учам да ја ценам туѓата убавина без притоа да се споредувам со нив. Полека учам како да бидам среќна за другите без да се сожалувам себеси.

taa-e-poubava-toj-e-pobogat-postojano-se-sporeduvam-so-drugite-sfativ-deka-zavidlivosta-me-ubiva-04.jpg

Сфаќам дека животот не е натпревар со другите, туку со самата себе. Единствената споредба која треба да ја правам е таа на тоа што сум денес и тоа што бев вчера.

И искрено, горда сум што почнав да сфаќам...„

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg