Храбри и професионални – македонски актерки кои се разголија на филмското платно
Ние сме една од оние земји каде што сосема нормални работи се доживуваат како табу-теми. Една од нив е секако предизвиците кои со себе ги носи актерската професија.
Па така, неретко ќе слушнете смеење, негодување и надвикување кога актерите се соблекуваат или кажуваат некоја пцовка или пак „забранети“ зборови, било на театарските штици или на филмското платно.
Последната таква сцена која ја разбранува јавноста беше онаа на младата актерка Јана Стојановска во хит серијата „Сенки над Балканот“.
Актерката сепак посочи дека „голотијата е пренагласена тема“, а кога го прави тоа е во името на ликот којшто го глуми.
Ние не можеме да се согласиме повеќе, дека голотијата е само костим и ништо повеќе.
Сцените изгледаа беспрекорно добро, а Јана е само дел од групата храбри и професионални македонски актерки кои покажаа голотија на филм.
Кои се останатите кои се разголија на филмското платно?
Ана Стојановска во Мајки
Лабина Митевска во I want you
Весна Станојевска во Сенки
Синоличка Трпкова во Дом за бесење
Софија Куноска во Збогум на 20-тиот век
Верица Недевска во Караула
Катарина Ивановска во Трето полувреме
(О)Милена | Црнобело