Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 нешта кои се поважни од облеката, а ќе ви помогнат да зрачите со полн сјај

Не секогаш убавината се проценува само според физичкиот изглед. Некои луѓе едноставно зрачат со шарм и позитивна енергија, па без разлика на нивниот надворешен изглед, околината ги перципира како вистински „рок ѕвезди“.

5-neshta-koi-se-povazni-od-shminkata-a-ke-vipomognat-da-zracite-so-poln-sjaj-2.jpg

Да, точно е дека физичкиот изглед е токму оној преку кој што го оставаме првиот впечаток, сепак тоа не значи дека е најважна шминката која ја носите на себеси, ниту пак дали облеката која ја поседувате е скапа или не.

Прочитајте неколку работи кои влијаат многу повеќе на тоа како луѓето гледаат на вас, отколку физичкиот изглед – сепак не залудно се рекло дека насмеаното лице е милион пати поубаво од нашминканото.

Зрачете одвнатре

Аурата што зрачи од нас, но и однесувањето и ставот кои ги заземаме, имаат далеку посуштинско значење отколку самиот надворешен изглед. Поконкретно, луѓето го впиваат она што зрачи од вас и врз основа на тоа формираат своја слика за начинот на кој ве перципираат.

5-neshta-koi-se-povazni-od-shminkata-a-ke-vipomognat-da-zracite-so-poln-sjaj-3.jpg

Билдајте самодоверба

Веројатно нема ништо поимпресивно од тоа кога гледате човек што „пука“ од самодоверба. Немањето самодоверба може да се манифестира многу лошо и тоа на повеќе полиња.

Затоа доколку сакате другите да ве почитуваат, најпрво научете како да се цените самите себе. Во моментот кога ќе се почувстувате убаво, тогаш и другите ќе почнат да ве перципираат на истиот начин.

5-neshta-koi-se-povazni-od-shminkata-a-ke-vipomognat-da-zracite-so-poln-sjaj-4.jpg

Ширете позитивни вибрации

Начинот на кој се чувствуваат луѓето во ваше присуство, многу често го дефинира пристапот кој тие го имаат кон вас. Говорот на вашето тело зборува многу повеќе за вас отколку што можете да претпоставите.

Па, веројатно и самите сте забележале дека луѓето покрај кои можете да се смеете со часови, ви се далеку посимпатични од останатите познаници кои ги имате, без разлика на нивниот физички изглед.

5-neshta-koi-se-povazni-od-shminkata-a-ke-vipomognat-da-zracite-so-poln-sjaj-5.jpg

Смејте се

Широката насмевка, многу често се поврзува со широка душа, а пак широката душа е огледало на убавината. Никогаш не заборавајте дека насмевката не доаѓа само од устата туку и од очите.

Затоа уживајте во животот, бидете природни и не заборавајте на секојдневието да му пркосите со убава и сјајна насмевка.

5-neshta-koi-se-povazni-od-shminkata-a-ke-vipomognat-da-zracite-so-poln-sjaj-6.jpg

Одете исправено

Не само што влијае за одржување на правилната форма на грбот и рамената, исправеното тело е карактеристика на луѓето кои имаат високо мислење за себе.

Затоа не му „потклекнувајте“ на животот, напротив исправете се силно и заземете став дека никој никогаш нема да може да ја урне вашата самодоверба и начинот на кој гледате на себеси.

5-neshta-koi-se-povazni-od-shminkata-a-ke-vipomognat-da-zracite-so-poln-sjaj-7.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg