Ризикот од купување облека онлајн, низ илустрации
Многу често очекувањата ни се преголеми кога нарачуваме производи преку интернет. Но, она што го гледаме на сликите и она што го добиваме речиси никогаш не се совпаѓа.
Вистината е дека и самите сме свесни за ризикот при купување на „невидено“, особено кога станува збор за облека.
Сепак, и покрај сите комични слики по социјалните мрежи од разочарани момци и девојки, кои ја направиле истата грешка, ние упорно се надеваме на нешто подобро.
Го внесуваме бројот на картичката за плаќање и веќе се замислуваме облечени во она што сме го нарачале. Во глава постојано ни се врти сликата како сите ни завидуваат и ни се воодушевуваат.
Чекаме со недели за кога конечно ќе ни стигне нарачаниот производ – максимално да се разочараме.
Дали ви е и на вас познато целово сценарио, оставаме да процените сами:
С. У. | Црнобело