Кои се „мрачните“ страни на перфекционизмот?
Верувале или не, перфекционизмот сè повеќе почнува да се смета како порок отколку како доблест. Иако нема ништо лошо во високите стандарди, сепак постојаното стремење кон нешто совршено може негативно да влијае на работата, личните односи, па дури и на вашето здравје.
Па наместо 12 пати да седите и да го читате истиот мејл барајќи грешки, најдобро е да погледнете колку може перфекционизмот да ви наштети, како на личен така и на професионален план.
Перфекционизмот ја попречува продуктивноста
Перфекционизмот често е поврзан со страв од неуспех, па на тој начин може да дојде до тоа сѐ почесто одложување.
Од страв дека нема да можете да ја завршите работата совршено, некогаш се случува воопшто и да не сакате да почнете.
Со притисокот кој што си го вршите самите на себе, влијаете негативно врз вашата продуктивност и креативност.
Перфекционизмот им попречува на вашите лични односи
Перфекционистите знаат да бидат премногу критички настроени и кон другите околу себе. Тоа многу често доведува до нарушување на лични односи и градење на нови пријателства.
Перфекционизмот влијае умствено и физички.
Постојаната фиксација на постигнувањата и условната самопочит можат да донесат сериозен ментален и физички пад, што доведува до чувство на вознемиреност, самоувереност и депресија.
За да не се доведете до било која од наведените перфекционистички состојби најдобро е да ги препознаете негативните мисли, да не си поставувате превисоки стандарди и најважно од сѐ да го елиминирате зборот „совршен“ од својот вокабулар.
С. У. | Црнобело