7 знаци по кои можете да препознаете дали во ваша близина има прикриен психопат

Според податоците со кои располагаат психолозите, околу 4% од вкупното население на Земјата се психопати, но се претпоставува дека има уште повеќе, со оглед на тоа што симптомите може да останат скриени до одредена возраст.

7-znaci-po-koi-mozete-da-prepoznaete-dali-vo-vasa-blizina-ima-prikrien-psihopat-2.jpg

Кај овие личности изостанува способноста за сочувство, емоции и каење, а се склони кон тоа да повредуваат.

Ова се знаци по кои можете да препознаете дали во ваша близина има прикриен психопат:

Немаат емоции

Тие не можат да препознаат тага кај други, но можат да одглумат емотивна реакција од типот на прегратка или убав збор, но на нивното лице никогаш нема да се забележи сочувство.

Некои психолошки истражувања покажале дека овие лица немаат претстава како изгледаат и се чувствуваат исплашените луѓе. Можете да ги откриете по тоа како реагираат на проблеми и болка на други луѓе.

7-znaci-po-koi-mozete-da-prepoznaete-dali-vo-vasa-blizina-ima-prikrien-psihopat-3.jpg

Спијат премалку

Според психолозите, психопатите спијат помалку од другите луѓе и нивниот просек изнесува околу 4-5 часа ноќен сон. Исто така, тие не се чувствуваат преморени и покрај тоа што малку спијат.

7-znaci-po-koi-mozete-da-prepoznaete-dali-vo-vasa-blizina-ima-prikrien-psihopat-4.jpg

Сакаат да наметнуваат чувство на вина кај други и убаво се чувствуваат поради тоа

Тие никогаш нема да признаат дека грешат, а уште повеќе можат и да провоцираат да кажете сè најлошо што ви е на душа, што потоа секако, може лесно да го искористат против вас.

7-znaci-po-koi-mozete-da-prepoznaete-dali-vo-vasa-blizina-ima-prikrien-psihopat-5.jpg

Поседуваат харизма да бидат центар на винмание

Претерана пријателска настроеност кон луѓе на кои им делат комплименти, на прв поглед изгледа шармантно и харизматично, но за оние кои подобро познаваат некоја личност и се свесни дека не се такви, тогаш лесно може да се заклучи дека нешто не е во ред.

Психопатите сакаат да ви се допаднат, за да можат во иднина да манипулираат со вас.

7-znaci-po-koi-mozete-da-prepoznaete-dali-vo-vasa-blizina-ima-prikrien-psihopat-6.jpg

Знаат да бидат нарцисоидни

Уживаат да газат преку другите и во секоја ситуација ќе го направат она што сметаат дека е најдобро за нив, дури и на сметка на тоа да уништат некој што им е навистина близок.

Исто така, доколку забележат барем малку повисок успех од вашиот, нема да се двоумат да ви мавтаат со тоа пред нос и гласно да го потенцираат вашиот неуспех.

7-znaci-po-koi-mozete-da-prepoznaete-dali-vo-vasa-blizina-ima-prikrien-psihopat-7.jpg

Лажат

Лажат, свесни се дека и другите знаат дека лажат, но и за тоа имаат изговор и некој друг е виновен, а никако тие. Всушност, не се ни загрижени дали некој ќе сфати дека лажат, затоа што веднаш ќе смислат нова лага со која ќе се обидат да ја прикријат претходната ситуација.

7-znaci-po-koi-mozete-da-prepoznaete-dali-vo-vasa-blizina-ima-prikrien-psihopat-8.jpg

Неодговорни се

Никогаш не забележуваат кога ќе постапат неправилно, а не прифаќаат одговорност за никоја своја акција. Многу веројатно е дека ќе го припишат тоа на некој друг и за среќа, секогаш успеваат да најдат некој кој е „подготвен“ да биде нивна жртва.

7-znaci-po-koi-mozete-da-prepoznaete-dali-vo-vasa-blizina-ima-prikrien-psihopat-9.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg