Светлосното шоу во јапонската цветна градина е можеби најубавото нешто што ќе го видите денес
Зимата можеби е најтемното годишно време, но секоја година во текот на оваа сезона, ресортот Нагашима во Јапонија е осветлен со милиони лед сијалички.
Набана Но Сато е светната градина во ресортот Нагашима и таа секоја зима е дом на најголемиот јапонски фестивал на светлото. Овој фестивал го посетуваат приближно 2 милиони посетители секоја година.
Организаторите го прекриваат целиот парк со бескрајно долги ленти на сијалички, вклучувајки ги и осветлените цветни полиња, анимирано светлосно шоу и големите тунели од сијалички низ коишто можете да поминете.
На фестивалот се употребуваат преку 8 милиони сијалички за да се доловат сцени од природата.
Во минатото на фестивалот се рекреирани планината Фуџи, Швајцарските Алпи и Аурора Бореалис. Оваа година, тематиката на фестивалот е градот Кумамото којшто беше зафатен од серија земјотреси во 2016 година.
Овие земјотреси разурнаа дел од најважните знаменитости на градот, како што е замокот Кумамото којшто сега се реконструира. Темата на фестивалот оваа година има цел да даде поддршка и помош за реконструкцијата на Кумамото, преку промоција на градот со илуминација на сцени од истиот.
Со пристигнувањето на пролетта, така и светлосната инсталација ќе се менува со цветањето на цвеќињата. Фестивалот ќе биде осветлен сè до 6 мај 2018 година.
Погледнете како изгледа магијата креирана со сијалички:
(О)Милена | Црнобело