Два теоретски докази дека можеби имате двојник некаде во светов

Бијонсе, Лејди Гага, Џенифер Лопез и Анџелина Џоли ги пронајдоа своите двојници... Дали и вие би сакале да ја имате таа можност?

dva-teoretski-dokaza-deka-imate-bliznak-nekad-vo-svetov-01.jpg

Во медиумите постојано осамнуваат фотографии на двојници од познатите личности. Тие често живеат на другиот крај од светот, а изгледаат како да се нивни близнаци.

Па, штом познатите личности имаат двојници, сигурно и вие имате најмалку еден двојник некаде во светот.

dva-teoretski-dokaza-deka-imate-bliznak-nekad-vo-svetov-05.jpg

Постојат две теории кои се доказ дека е така:

Само 0.1% од геномот е одговорен за уникатноста на личноста

Дури 99.9% од геномот (целосниот збир на наследна информација кај еден организам) е идентичен за целата човекова раса, а само 0.1% е одговорен за уникатноста. А, има уште помалку гени кои се задолжени за нашиот изглед.

Па, покрај големиот број можни ДНК комбинации, сепак во теорија идентичниот изглед не е невозможен.

Познатите личности полесно ги пронаоѓаат своите двојници затоа што јавната професија што ја имаат прави луѓето на сите краеви од светот да го знаат нивното лице. Вашиот „близнак“ можеби живее во Русија, Исланд или пак Аргентина и, за жал, најверојатно никогаш нема да го запознаете.

Сепак, комплетно поклопување или дури и во мал процент се случува многу, многу ретко, но шансата постои.

dva-teoretski-dokaza-deka-imate-bliznak-nekad-vo-svetov-03.jpg

Може да сте далечни, мноооогу далечни роднини

Ако ја тргнеме на страна генетиката и се концентрираме на математиката, тогаш нашиот двојник може да биде некој наш далечен роднина.

Според пресметките, една личност може да има 250 роднини од околу 8 генерации и за 30 генерации бројот на роднини може да стане поголем од 1 милион. Па, така некогаш во животот може да сретнете некоја ваш далечен роднина, кој има сличен изглед како вашиот.

И ако некогаш не се направи некаква база на сите 7 милијарди луѓе што живеат на Земјата, тешко дека ќе го сретнете вашиот двојник.

Но, замислете на миг дека на светот постои најмалку една личност која изгледа исто како вас. Искрено, дали би сакале да ја запознаете?

dva-teoretski-dokaza-deka-imate-bliznak-nekad-vo-svetov-07.jpg

dva-teoretski-dokaza-deka-imate-bliznak-nekad-vo-svetov-06.jpg

dva-teoretski-dokaza-deka-imate-bliznak-nekad-vo-svetov-04.jpg

dva-teoretski-dokaza-deka-imate-bliznak-nekad-vo-svetov-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg