Една причина зошто веднаш да им се заблагодарите на братот/сестрата
Тие ве прават подобра личност. Поради нивното постоење вие сте способни за емпатија и поддршка за луѓето околу вас.
Браќата и сестрите понекогаш навистина знаат да ве извадат од такт, но сепак да се имате брат/сестра е вистински благослов
Сега и истражување направено од Универзитетите во Торонто и Тел Авив го потврди тоа.
Експертите открија дека растењето со брат/сестра е важно за вашиот развој како личност и дека луѓето што растеле со брат/сестра се поемпатични отколку децата кои растеле како единци.
Делењето играчки, кое можеби не ви се допаѓало во детството, е една од причините зошто сте израснале во топла личност, полна со поддршка за другите и емпатија.
„Резултатите на нашето истражување ја потврдија важноста не само на родителите, туку и на браќата и сестрите на развојот на детето“, велат истражувачите.
Ова е добра причина зошто треба да сте благодарни што ги имате вашиот брат/сестра во животот, зарем не?
С. С. | Црнобело