Еден магичен трик како да направите хејтерите да ве сакаат

Хејтерите се нормален дел од животот, не е возможно сите да ве сакаат, особено ако се истакнувате по нешто.

eden-magichen-trik-kako-da-napravite-hejterite-da-ve-sakaat-01.jpg

Како што има тон луѓе што ве сакаат, така во животот нормално е да имате и по некој хејтер.

Хејтерите се лошата страна на успехот. Ако се истакнувате затоа што сте интелигенти или убави или успешни, ќе имате некој што ви завидува. Превртување со очите, зајадливи коментари и тензија секој пат кога сте во истата просторија со нив се очекувани.

Повеќе луѓе ќе ве советуваат да ги игнорирате хејтерите, но ние ќе ве советуваме како да ги претворите во ваши пријатели:

Едноставно побарајте им услуга.

Најбрз и најлесен начин е т.н. Бен Френклин ефектот. Кога на луѓето што не ве сакаат ќе им побарате услуга им се менува перцепцијата на односот помеѓу вас и тие започнуваат да ве гледаат како пријатели.

Услугите се наменети за пријателите, а не за непријателите, па на овој начин го менувате нивниот начин на гледање на работите и нивните верувања.

eden-magichen-trik-kako-da-napravite-hejterite-da-ve-sakaat-02.jpg

Барањето услуга, исто така, е суптилен начин на ласкање. Авторот Дејл Карнеги вели дека на овој начин правите да се чувствуваат дека тие имаат нешто што вие немате. Играте со нивниот ум и тие добиваат впечаток дека им се воодушевувате, па не само што ќе сакаат да ви помогнат, туку и сите негативни емоции кон вас ќе ги остават зад себе.

Услугата треба да биде доволно мала за тие да можат лесно да ја остварат, но не и тривијална, па да изгледа како навреда. Проценете ја добро нивната сила, интелект и способности пред да побарате нешто.

Доколку не ги познавате премногу тогаш позајмете нешто, побарајте ситни пари од нив, прашајте ги да ви предложат ресторан или пак замолете ги да ви помогнат со новата апликација на телефонот.

Кога ќе го побарате тоа, мора да звучи како навистина да ви е потребно. Важен е благиот тон и отворениот говор на телото.

eden-magichen-trik-kako-da-napravite-hejterite-da-ve-sakaat-03.jpg

Нема да успеете апсолутно сите хејтери да ги претворите во пријатели, но ова ќе ви помогне со голем дел од нив.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg