Во младоста позирале како лажни невеста и младоженец, а 13 години подоцна се венчале на истото место
Другар и другарка во 20-тите години од нивниот живот глумеле дека се невеста и младоженец во една црква, потоа изгубиле контакт, па се венчале 13 години подоцна во истата црква.
Кери Хорнер (36) и Иан Хорнер (34) од Велика Британија во јуни 2017 година стапиле во брак во истата црква во која пред 13 години глумеле дека се невеста и младоженец за потребите на снимањето на едно училишно видео.
Тие за време на снимањето глумеле дека сечеле торта и дека имаат прием на гости, но немале идеја дека истото ќе го прават навистина 13 години подоцна.
Кери и Иан се запознале во 2003 година, но биле само пријатели.
Во 2004 пријателка на мајка ѝ на Кери ѝ споменала дека локалната црква бара волонтери кои ќе глумат дека прават свадба, а видеото ќе биде прикажувано низ училиштата. Кери ја прифатила улогата, а веднаш потоа и Иан.
По снимањето на видеото, тие изгубиле контакт затоа што Иан заминал да работи на Кипар, а Кери патувала низ Велика Британија поради работни обврски.
Понекогаш ќе си разменеле пораки, но немале многу контакт сè додека во 2013 година не се додале на Фејсбук, а само по една седмица се сретнале и во живо.
Ручекот се претворил во состанок кој траел до раните утрински часови и оттогаш започнала нивната романса. Во 2014 на одмор во Верона, Италија Иан ја запросил Кери на познатиот балкон на Ромео и Јулија.
Кога почнале да коваат свадбени планови парот бил согласен веднаш дека црковната церемонија ќе се изведе во Holy Trinity, црквата каде го снимале видеото пред 13 години.
Така во јуни 2017 година, 13 години по нивната одглумена венчавка, тие на истото место имале реална венчавка.
Романтично, зарем не?
С. С. | Црнобело