Работи што не сте ги знаеле за Канада и причини зошто луѓето сакаат да живеат таму
Можеби кога ќе се спомне Канада, помислувате на ладна земја во која животот не е убав, но тоа не е воопшто точно.
А, тоа го докажуваат луѓето кои на годишно ниво во огромен број се преселуваат во оваа земја и ретко кој сака да ја напушти потоа.
Можностите кои Канада ги нуди се големи, а оние кои ќе ги увидат, успеваат да живеат прекрасен живот.
Сигурно има работи кои не ги знаете, па во продолжение погледнете зошто речиси никој не сака да ја напушти Канада:
1. Кога Канаѓаните немаат што да прават, излегуваат на улица со плакати за да ги развеселат другите.
2. Во Канада, има регистарски таблички за автомобил во форма на бела мечка (но веќе не се во употреба)
3. Канаѓаните сакаат шеги и имаат добра смисла за хумор. Ова го докажува примерот на жител од Монтреал, кој одлучил да ја „измами“ полицијата така што направил автомобил од снег „паркиран“ на погрешно место и гледал „сеир“ од страна.
4. Канада е на трето место по количина на резерви на нафта. Покрај нафтата, има големи резерви на свежа вода, многу прекрасни езера и недопреми шуми.
5. Има хуманитарна организација која им помага во чистењето на жените кои се борат со сериозни болести.
6. Канадските пари не се уништуваат од влажност и може да се мијат дури и под вода, со сапун. Тие не се направени од хартија, туку од пластика.
Второ, ако светнете со ласер низ проѕирниот лист на канадските долари, ќе се појави деноминацијата – интересно.
7. Канаѓаните се навистина гостопримливи – тие изградиле посебна подлога за НЛО (за во случај да дојдат вонземјани).
8. Полицајците во Канада се многу љубезни. Овој полицаец го запрел возилото за да застане и да купи лимонада од тезгата на ова мало девојче.
9. Канада спаси шума голема колку двојната површина на Белгија. Кога станува збор за природата, Канаѓаните се многу сериозни и посветени.
Па така, кога индустријата почнала да претставува закана за Големата Мечкина прашума, со помош на кампањи и протести не го дозволиле тоа и успеале делот од 85% од неа да го направат целосно заштитен.
10. Премиерот Џастин Трудо е еден од ретките политичари кој е миленик на многумина низ целиот свет. Неговиот стил е уникатен и впечатлив, тој е многу пријателски настроен, практикува јога, гушка панди и едноставно, тој е згоден човек - миленик на многу жени!
11. Во Канада е вообичаено луѓето да си помагаат во тешки ситуации, па така, ученици закачиле стара, но добро зачувана облека на улични столбови, и напишале „За оние на кои им треба“.
12. Луѓето во Канада се многу чесни, а овој пример е уште еден доказ за тоа. Работниците не биле на местото, а машината со бариери за поминување со карти била расипана. Ова е резултатот:
13. Канада е толку убава земја, што дури и фотките од сообраќајните камери изгледаат прекрасно.
М. М. | Црнобело