Недостаток претворен во забавна предност - Жена ги испишува посетените локации на својата протетичка нога
Фотографиите на Девон Галагер се како мотивациски разгледници за храброст.
Кога младата жена се подготвувала за своето едномесечно патување низ Европа, одеднаш добила инспиративна идеја како на забавен начин да ја инкорпорира нејзината протетичка нога во текот на целата авантура.
Таа едноставно ја обоила со боја како на школските табли за пишување и пакувајќи уште неколку шарени парчиња креда го започнала патувањето што очигледно ѝ го сменило животот.
Девон е родена со болест која ги напаѓа коските, поради што на 4-годишна возраст ѝ била ампутирана десната нога. Сепак, таа храбро се соочила со предизвикот, а нејзината европска авантура докажува дека среќата ги следи смелите и оние со волја за исполнет насмеан живот.
Виена, Прага, Барселона, Атина, Санторини, Париз и Даблин се само неколку од многуте локации кои Девон ги посетила испишувајќи ги со креда на својата мала подвижна „табла“.
Ѝ аплаудираме на храброста, а фотките се најдобар доказ дека си поминала незаборавно, нели?
(О)Милена | Црнобело