Вистински приказни кои докажуваат колку Том Хенкс е поразличен од сите останати холивудски ѕвезди
Познатите холивудски ѕвезди постојано ги пратат скандали, кои одвреме-навреме ни го менуваат мислењето за нив.
Па, во таквите моменти на лоши и разочарувачки вести, добро е да се види дека има некој кој речиси нема никаква црна дамка во кариерата.
Помеѓу таквите добри луѓе се наоѓа и актерот Том Хенкс, кој е еден од ретките за кој медиумите не пишуваат лоши работи.
Напротив, тој направил многу добри, хумани дела кој го прават приземен човек пред сè.
Во надеж тоа така да остане и бројот на вакви луѓе да се зголемува, собравме неколку приказни кои ја докажуваат неговата добрина.
Погледнете неколку вистински приказни од животот на Том Хенкс и што тој направил:
Ја развеселил својата најголема обожавателка
Во 2013-та тој се сретнал со една од најголемите негови обожавателки. Се работи за Сара Морети, девојче со аутизам, кое со години собирала сè што е поврзано со актерот.
Нејзините слики, извадоци од весници и било какви новости поврзани со Хенкс, ги собирала во споменар.
Актерот ја запознал за време на бродвејската претстава „Lucky Guy“, и не само што се дружел со неа, туку заедно го прелистале и споменарот.
Том бил воодушевен и рекол: „Сара ова е прекрасно. Знаеш, ни мојата мајка нема вакво нешто.“
Им вратил пари на луѓето на кои не им се допаднал неговиот филм
Откако се појави во комедијата „Larry Crownee“ многумина се сложиле дека тоа не е меѓу неговите најдобри филмови, бидејќи едноставно не бил доволно добар за фановите и критичарите.
Хенкс на бензинска станица сретнал неколку гледачи кои му дале до знаење дека не им се допаднал филмот, а на тоа тој одговорил:
„Жал ми е што сте разочарани. Што велите да ви ги вратам парите кои сте ги потрошиле на карта?“ Тие прифатиле и Том им дал 25 долари.
Пријателство со таксист
Еден таксист ја објавил на интернет неговата интересна случка.
Во неговото возило влегол Том Хенкс, но бил покриен со капа и на почетокот не го познал. А, кога возачот за време на возењето го препознал, извикал „Wiiiilsooooon“ (цитат од филмот „Cast Away“).
Актерот се насмеал и забележал дека тој носи маичка и капа со натпис „Ferrari“, па почнал да го вика господин Ферари. Тие направиле фотка и таксистот мислел дека приказната завршила.
Но, во наредните денови тој постојано сретнувал луѓе кои работат со актерот и го познаваат, па им велел да го поздрават од господин Ферари.
Еден ден, добил порака од некој кој се вози со него, која велела дека Том Хенкс сака да го покани на премиера.
Возачот ја земал неговата сопруга и заедно отишле на премиерата, во бекстејџ, а кога актерот го здогледал, извикал „Господине Ферариии!“.
Кога случајно упадна во свадбена фотосесија
Додека актерот трчал во Централниот парк на Њујорк, поминал низ место каде младенци правеле фотосесија, па наместо да ги заобиколи, решил да застане и да им ја честита свадбата.
Тие направиле неколку кул фотки со актерот и тој си продолжил понатаму, а тие имаат спомен засекогаш.
Позирање со странци
Том Хенкс во ресторан сретнал негов фан и актерот прифатил да направи интересна фотосесија со него.
Додека сите мислеле дека фотките со младиот пијан дечко се оригинални, сепак двајцата направиле да изгледа како актерот да се шегува со „пијаниот“ дечко.
Студентска карта
За време на прошетка во парк, Хенкс пронашол нечија студентска идентификација, па наместо да ја заобиколи, ја земал и решил да помогне.
Фотката од идентификацијата ја објавил на неговиот Твитер профил и напишал дека девојката може да ја земе во неговата канцеларија.
Студентката преку нејзиниот професор дозналa дека е кај актерот и тој ѝ ја пратил по пошта.
Lauren! I found your Student ID in the park. If you still need it my office will get to you. Hanx. pic.twitter.com/Ee9kK4V4qf
— Tom Hanks (@tomhanks) October 6, 2015
М. М. | Црнобело