Културни луѓе, скапи трошоци за греење, бирократија: Како изгледа животот во Франција?

Ако мислите дека знаете сè за Франција само затоа што сте ги разгледувале најубавите места и сте читале за нив на интернет, се лажете.

kulturni-lugje-skapi-troshoci-za-greenje-birokratija-kako-izgleda-zhivotot-vo-francija-01.jpg

Освен прекрасните места за посета, вкусните печива и романтичните искуства, досега не сме знаеле речиси ништо за оваа земја.

Како и во секоја друга, така и во Франција сосема е различно искуството на патување и кога живеете таму. 

Русинка која живеела во Франција една ипол година, открива какви се нејзините впечатоци и кажува неколку неочекувани факти.

Можеби и не е толку совршено да се живее во Франција:

1. Во Франција има големи проблеми кога станува збор за место за живење – тешко е да се изнајми стан, а се чекаат огромни редици уште од моментот кога ќе се објави дека се издава.

Луѓето доаѓаат да разгледуваат станови со резиме, слика и портфолио, бидејќи заработката на човекот не е главен фактор, туку навистина треба да му се допаднете на сопственикот.

Стан од 9 метри квадратни со заеднички тоалет на еден спрат освен што е нешто сосема нормално, може да биде и многу скапо.

За многу Французи, стан од 25-30 метри квадратни е огромен простор, а машина за перење во домот е луксуз.

2. Основата во исхраната на Французите е багетот, сенф, сирење и шунка.

Класично и најпопуларно јадење помеѓу нив е големиот сендвич со шунка и путер, а го нарекуваат француска пица и често го подготвуваат со остатоци од фрижидерот.

kulturni-lugje-skapi-troshoci-za-greenje-birokratija-kako-izgleda-zhivotot-vo-francija-02.jpg

3. За повеќето Французи, гастрономијата и готвењето значат многу.

Понекогаш, подготвувањето на ручекот во работен ден, бирањето на соодветно вино и додатоци, местење маса и избор на салфетки за бојата на тањирите, одзема повеќе време отколку самото јадење.

Имаат потреба полека и вистински да уживаат во секое залче од оброкот.

4. Трошокот за греење во Франција е невообичаено висок.

За доброто на финансиите и домашниот буџет, многу Французи или воопшто не го греат домот или ја одржуваат температурата помеѓу 14-15 степени.

5. Франција е земја која е помеѓу првите места за бирократија.

За регистрација на било каков документ, потребно е да се соберат 10 различни документи, неколку копии, оригинали, фотографии, пополнети прашалници и сл.

Понекогаш тоа се претвора во хорор филм ако еден документ недостасува, па за да го земете тој, потребен ви е друг и така влегувате во маѓепсан круг од кој нема излез. Ви звучи познато?!

kulturni-lugje-skapi-troshoci-za-greenje-birokratija-kako-izgleda-zhivotot-vo-francija-03.jpg

6. Многу Французи ги планираат нивните одмори една година пред да одат, купуваат карти и резервираат сместување однапред, бидејќи речиси на сите одморите им се во август и датумот не може да се промени.

Во Франција, во август има само туристи, бидејќи сите локалци тогаш се на одмор надвор од земјата.

7. Французите се многу културни и имаат многу манири, а се и многу внимателни.

Неопходно е веднаш да се навикнете да кажувате и слушате „bonjour“, „excusez-moi“, „pardon“, „bonne journée“,„bonne soirée“, „bon courage“, „au revoir“ и слични фрази по 100 пати на ден.

8. Вo Франција има само една железничка компанија. Заради монополот, билетите за домашните возови се неверојатно скапи.

Затоа, на Французите им е поисплатливо да фатат воз или да купан авионски билет и да одат во некоја соседна земја, отколку во друг град во нивната.

9. Во Франција е речиси невозможно да најдете вино од друга земја. Во супермаркетите има само домашни вина и многу Французи воопшто не пробале друго вино.

10. Французите знаат како да живеат и да уживаат во животот секојдневно.

Тие имаат навика во недела да направат рекреативна прошетка до пазар, да купат свежи намирници, да прошетаат во паркови, да се напијат чаша вино за ручек, да седнат на кафе и да си направат пријатен разговор.

kulturni-lugje-skapi-troshoci-za-greenje-birokratija-kako-izgleda-zhivotot-vo-francija-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg