Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Магнет за машки погледи: По каква девојка се вртат повеќето момци?

Вкусовите се различни и луѓето меѓусебно се привлекуваат од разни причини. Меѓутоа, постојат одредени телесни карактеристики на жените, коишто повеќе од некои други, ќе ги натераат припадниците на посилниот пол да ја завртат главата по нив. Кои жени им се најпривлечни?

magnet-za-mashki-pogledi-po-kakva-devojka-se-vrtat-povekjeto-momci-1.png

Резултатите од неодамна спроведеното истражување на оваа тема, со кое биле анкетирани над 2000 испитаници, откриваат кои физички адути на жените се магнет за машките погледи.

Па, по каква девојка се вртат повеќето момци?

magnet-za-mashki-pogledi-po-kakva-devojka-se-vrtat-povekjeto-momci-2.jpg

Речиси 60 проценти од испитаниците одговориле дека темнокосите девојки им се подраги од русокосите.

Притоа, бринетите се поатрактивни од црнките. Најмалку популарни се црвенокосите девојки, кои ги навеле само 8% од нив, додека преостанатите 29% сепак повеќе ги сакаат блондинките.

magnet-za-mashki-pogledi-po-kakva-devojka-se-vrtat-povekjeto-momci-3.jpg

Она што посебно ќе ги воодушеви девојките кои „патат“ поради вишокот килограми, претставува податокот дека мажите не ги преферираат (пре)слабите жени.

Мнозинството испитаници, поточно 38 проценти од нив, сметаат дека идеалната жена носи конфекциски број 40 или 42.

На второ место се дамите со уште понагласени облини, додека слабите девојки се дури на третата позиција.

magnet-za-mashki-pogledi-po-kakva-devojka-se-vrtat-povekjeto-momci-4.jpg

Што се однесува до бојата на очите, вкупно 40% од испитаницитите одговориле дека најатрактивни се жените со сини очи.

Кафеавите очи се на второ место, а зелените се третопласирани.

magnet-za-mashki-pogledi-po-kakva-devojka-se-vrtat-povekjeto-momci-5.jpg

Значи, судејќи по ова истражување, девојката по која ќе се сврти секој фраер има кафена коса, сини очи и носи конфекциски број 40 или 42.

Се согласувате ли?

magnet-za-mashki-pogledi-po-kakva-devojka-se-vrtat-povekjeto-momci-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg