Животот е прекрасен: Мали секојдневни луксузи што ги земаме здраво за готово
Од омилената песна на радио до тазе испраниот автомобил, сè е причина за среќа, само ширум отворете ги очите.
Велат „среќен е тој што мисли дека е среќен“, затоа време е ширум да ги отворите очите за малите прекрасни работи кои секојдневно ви се случуваат.
Кога ќе се фокусирате на нив и на задоволството што ви го носат секојдневно ќе сфатите колку всушност ви е убав животот и колку сте среќни.
Понекогаш не се потребни огномети и специјални пригоди за насмевка на лицето, доволно е само добра книга, топло кафе и вкусни колачиња.
Секојдневни задоволства на кои не им обрнуваме внимание, а ни носат среќа:
- Појадокот во кревет.
- Мирисот на свежо испраната постелнина.
- Омилената ТВ серија.
- Читањето книга.
- Честењето со омиленото јадење.
- Топлиот леб од пекарницата.
- Долгата топла бања.
- Ноќта мината во топлиот дом со саканиот.
- Чашата квалитетно вино.
- Сјајот на тазе испраниот автомобил.
- Викенд престоите во хотел.
- Гледањето на изгрејсонцето и зајдисонцето.
- Ручекот со пријателот/ката.
- Шолјата вкусно кафе.
- Добиениот букет цвеќе.
- Скапиот парфем.
- Одењето во театар.
- Одењето на концерт.
- Купувањето цвеќе за во домот.
- Убавиот ручек во ресторан.
- Купувањето нови козметички продукти.
- Слушањето на омилената песна на радио.
- Минувањето време во природа.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





