Најдобри техники за самоодбрана кои ќе ви го спасат животот
Познат руски професионалец во боречки вештини, напишал книга во која детално ги објаснува најефективните методи за самоодбрана.
Тие можат да им помогнат на сите во случај на напад, а посебно девојките е добро да ги знаат.
Не треба да размислувате на вакви работи, но добро е секогаш да бидете подготвени.
Неколку техники кои треба да ги имате на ум, а можеби и да ги извежбате:
1. Ранливите точки кои никогаш не смее да ги заборавите:
2. Еден добар и брз трик е да ги фатите прстите на напаѓачот како на левата фотографија, и да ги разделите на различна страна, со што ќе му го свиткате зглобот и ќе може да избегате.
Друг сличен трик, удрете со прстите во делот помеѓу клучната коска и Адамовото јаболко, како на десната фотографија.
3. Ако ве нападнат од напред и не можете да ги мрдате рацете, еден начин е да ги свиткате дланките во тупаница и да удрите во меѓуножјето, а потоа со сета сила, удрете во неговиот нос со главата.
На крај, удрете со колено во гениталиите и бегајте.
4. Потсетете се на правилото на палецот. Ако напаѓачот ви ги држи рацете, употребете силно кружно движете и свртете ја раката во правец на неговиот палец.
Кога неговата рака ќе дојде одоздола, повлечете ја раката кон себе и избегајте.
5. Ако ве нападнат странично, најдобар начин е да го искористите ударот со лакт. Кога ќе ви пријде, удрете го со лакт во лице, а потоа силно во стомак или во гради.
6. Ако напаѓачот ве држи залепени за ѕид:
- Ако рацете му се високо кренати, удрете со дланката со остро движење под пазувите.
- Ако едната рака е спуштена, имате шанса со тупаница да удрите во градите или лицето.
- Најефективен начин е удар со глава во долниот дел на лицето ако сте под него.
М. М. | Црнобело