Фрази и ситуации за кои мајките беа во право, а ги сфативме откако пораснавме

Кога се помлади, во тинејџерските и адолесцентските години, многумина се однесуваат грубо кон своите родители.

frazi-i-situacii-za-koi-majkite-bea-vo-pravo-a-gi-sfativme-otkako-porasnavme-01.jpg

И најчесто, не можат да сфатат дека сѐ што тие прават и кажуваат е за нивно добро во иднина.

Психолозите велат дека пубертетот е тежок период кога личноста се обидува да го пронајде својот идентитет, па се бунтуваат и многу работи не сфаќаат на начинот на кој најчесто мајките им ги кажуваат.

Сепак, кога ќе поминат овие години и кога искуството ќе се насобере, сфаќаме дека тие биле во право за сѐ.

Од банални до сериозни работи, погледнете кои се ситуациите и фразите на мајките кои ги разбираме кога ќе пораснеме:

„Другите само ти љубоморат“

Кога сме помлади, оваа фраза ни звучи многу глупаво, бидејќи ни звучи лудо некој од нашите блиски да ни биде љубоморен.

Но, подоцна работите ги гледаме поинаку, сфаќаме дека не сите луѓе се исти и дека многу од нив не ја заслужуваат нашата добрина.

Тие се љубоморни на нашиот успех и на она што го постигнуваме, а потсмевањето е начин на кој го изразуваат тоа.

frazi-i-situacii-za-koi-majkite-bea-vo-pravo-a-gi-sfativme-otkako-porasnavme-02.jpg

„Одмори се со домашни обврски“

Во детството, кога мајките ќе ни кажат да одиме до продавница за да се размрдаме или да помогнеме во домашните обврски за да „одмориме“, тоа ни се чини како лудост и како да нè гледаат како слуги.

Но, со текот на годините, посебно кога ќе се вработиме, многумина сфаќаат дека всушност е возможно и со одење до продавница да го одмориме мозокот и да се размрдаме.

frazi-i-situacii-za-koi-majkite-bea-vo-pravo-a-gi-sfativme-otkako-porasnavme-03.jpg

„Стави си капа“

На 15 години, носењето капа или хулахопки под панталоните е хорор филм. Никој не сака да го прави тоа и мислат дека мајките им посакуваат да изгледаат немодерно.

Но, после 20-ите години, и тоа како се потсетуваме на зборовите на нашите мајки и сами облекуваме топла облека кога е ладно.

Сфаќаме дека здравјето е поважно од сè, а потоа се „фаќаме“ како и ние ги делиме истите совети на помладите или на пријателите.

frazi-i-situacii-za-koi-majkite-bea-vo-pravo-a-gi-sfativme-otkako-porasnavme-04.jpg

„Љубовта ќе дојде кога најмалку ќе очекуваш“

На помлади години, оваа фраза звучи како мајката само да сака да нè утеши и да ни ја олесни ситуацијата, но безуспешно.

Сепак, на крај таа излегува во право и за ова, бидејќи многупати се случило луѓето да ја пронајдат љубовта кога најмалку очекуваат, во секакви моменти. И тоа е прекрасно.

frazi-i-situacii-za-koi-majkite-bea-vo-pravo-a-gi-sfativme-otkako-porasnavme-05.jpg

„Не ги брзај работите, ќе жалиш“

Прво сакаме да почнеме да одиме во средно, па едвај чекаме да го завршиме, со душа чекаме факултет, па не може да дочекаме да го завршиме и да немаме веќе за учење.

Постојано имаме некои желби за кои гориме и ги брзаме работите во животот, додека не им веруваме на родителите кога велат дека ќе сакаме да ни се вратат годините.

Кога ќе помине подолг период, ќе се сетите на овие зборови бидејќи самите ќе посакате да се вратите во младите денови кога сте биле безгрижни.

Кој би рекол дека некој би посакал да се врати во училиште? Веројатно, речиси сите.

Ова важи за многу работи во животот во кои не уживаме и чекаме побрзо да поминат, а потоа жалиме.

frazi-i-situacii-za-koi-majkite-bea-vo-pravo-a-gi-sfativme-otkako-porasnavme-06.jpg

„Ќе сфатиш кога ќе пораснеш“

Банална фраза која ниту едно дете не ја сфаќа сериозно, додека мајката се грижи.

Во младоста, ви изгледа како да знаете сè и дека родителите ви забрануваат сè без причина, но кога ќе пораснете ја разбирате нивната грижа и сфаќате дека имате уште многу да учите од нив.

frazi-i-situacii-za-koi-majkite-bea-vo-pravo-a-gi-sfativme-otkako-porasnavme-07.jpg

„Ќе те видиме кога ти ќе имаш деца“

Како и претходната ситуација, децата се чувствуваат повредено кога родителите им забрануваат работи и претерано се грижат и им додеваат.

Па, мајките често знаат да кажат дека и самите тие ќе бидат исти кога ќе имаат деца, а тоа навистина се случува.

Кога имаме наши деца, стануваме свесни за сите грижи и стресови на нашите мајки. Нејзините зборови веќе не звучат глупаво.

frazi-i-situacii-za-koi-majkite-bea-vo-pravo-a-gi-sfativme-otkako-porasnavme-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
„Дечко ми ме побара за жена со прстен од 38 долари, а заработува 200.000 годишно - му кажав дека не ... „Ми се допадна прстенот, но кога видов дека го порачал од онлајн продавницата Te...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg