Модерни навики од кои треба да се откажете за да си го подобрите животот
Никој не е совршен и тоа е сосема нормално и прифатено, но тоа не значи дека не треба да се грижиме за некои работи.
На пример, постојат некои навики кои му наштетуваат на здравјето и животниот стил, а за кои порано не сме помислувале.
Па, почетокот на годината е одличен период за исфрлање на некои од нив и нивна замена.
Модерни навики кои треба да ги заборавите за да си го подобрите животот:
Палење свеќи
Според научниците, докажано е дека некои свеќи се многу штетни за здравјето, посебно оние направени од парафински восок, кои содржат состојки што може да предизвикаат здравствени проблеми и труења.
Ако сакате свеќи, бирајте ги оние направени со природен восок и состојки кои не наштетуваат, а за да бидат мирисливи, ставете неколку капки есенцијално масло пред да ги запалите.
Често бањање
Многумина мислат дека колку почесто се бањаат, толку се похигиенски и поздрави, но научниците докажале дека ова е мит и дека пречестото бањање може да резултира со проблеми во имунолошкиот систем, дигестија итн.
Средствата за бањање кои ги користите едноставно не се препорачливи толку често и може да имаат негативен ефект врз кожата.
Тесни фармерки
Вистина е дека тесните фармерки прават женското тело да изгледа одлично, но за жал, не е толку безбедно колку што мислите.
Научниците предупредуваат дека носењето тесни фармерки влошува некои здравствени состојби и може да предизвика болки во бутовите кои ќе траат. Ризикот е мал, но подобро да сте сигурни.
Зависност од мобилни телефони
Зависноста од мобилните телефони отиде толку далеку, што всушност предизвикува вистински нови болести.
На пример, синдромот предизвикан од постојано наведната глава и гледање во телефонот, кој се карактеризира со болка во вратот, рамената и горниот дел на грбот.
Анксиозноста и опседнатоста се исто така во голем број последица од социјалните мрежи, а да не заборавиме и на проблемите со видот заради прекумерното гледање во сината светлина од екраните.
Прекрстување на нозете
Прекрстени нозе е една од омилените позиции за седење на жените, но досега сигурно сте прочитале дека всушност тоа е штетно бидејќи води до искривување на телото, а резултира со болки во вратот и рамената, како и што може да предизвика зголемен крвен притисок и други здравствени проблеми.
Седентарен животен стил
Веќе на сите ни е јасно дека движењето е многу важно во денешниот динамичен живот, но сепак некои луѓе бираат да поминуваат цели денови и вечери пред телевизор или лап топ, наместо да излезат надвор.
А, истражувањата покажуваат дека претераното седење и гледање телевизија или играње игри, може да доведе до мускулна вкочанетост, кршливи коски, но и зголемен ризик од епилептични напади поради замор и недостаток на сон.
Грицкање
Независно дали грицките се здрави или не, фактот што можеби сте опседнати со нив, е лош за вашето здравје. Не се фаќајте за грицки при секое најмало чувствување на глад.
Почекајте целосно да огладнете и примете нормален оброк кој ќе биде добар за вас, а и повеќе ќе уживате во вкусот ако сте гладни, па затоа не се заситувајте со грицки, за потоа да може со мерак да го јадете оброкот.
Спиење на страна или на стомак
Иако изгледа како да спиењето е единственото нешто што безгрижно го правите без никој да ви наметнува правила, сепак постои начин да му наштетите на здравјето и со положбата на спиење.
Експертите велат дека спиењето на страна или на стомак е лошо за вас, бидејќи спиењето на страна е поврзано со болки во грбот и рамената, бидејќи ги притискате со цела тежина на телото, а спиењето на стомак е исто така лошо и предизвикува болки во грбот и рамената со оглед на тоа што главата ви е постојано на страна и може да резултира со искривување на ’рбетот.
Често сончање
Честото изложување на сонце и УВ зраци е штетно, иако сонцето е корисно за витамин Д, сепак негативниот ефект е поголем при претераната изложеност.
Затоа избегнувајте долго да седите на сонце, ставајте постојано крем за заштита, без разлика на годишното време и зачувајте го здравјето, бидејќи бојата на тенот не е поважна од тоа.
Аналгетици и седативи
Никој не сака да искусува болки, но тоа не значи дека треба да пиете апчиња за секоја најмала болка што ќе ја почувствувате, иако за жал во денешно време оваа навика ја имаа многумина.
Пиењето лекови на своја рака може да биде опасно, посебно доколку не внимавате на дозата и начинот на пиење, а најлошо што може да направите е да измешате аналгетик и седатив.
М. М. | Црнобело