11 бонтон правила кои треба да ги почитувате во кафуле

Не настапувајте со „Дај ми нешто силно и што имам гратис роденден ми е“. Бидете умерен и културен гостин!

bonton-pravila-koi-zadolzitelno-treba-da-gi-sledite-vo-kafule-01.jpg

Сите сакаме да појдеме на некоја пијачка во кафуле, можеби кафе со пријателите или коктели со колегите.

Во кафулињата се релаксираме и забавуваме, но сепак не смееме да заборавиме дека тие се јавни места и мора да внимаваме на однесувањето.

Некои бонтон правила мора да ги следите кога престојувате таму:

Не вадете ги етикетите од пивото.

Нема потреба да ги одлепувате етикетите од пивото, особено ако седите во кафуле. Изгледате некултурно и им создавате ѓубре.

Уживајте во пивото, нема потреба да го „соблекувате“.

Кога сте збунети, прашајте за препораки.

Кога сакате да пробате нешто ново и не знаете што да порачате, прашајте го шанкерот за совет и послушајте ја неговата препорака.

Шанкерите знаат многу за пијалаците и со задоволство ќе ви помогнат.

bonton-pravila-koi-zadolzitelno-treba-da-gi-sledite-vo-kafule-02.jpg

Не барајте силен пијалак.

Колку и да сакате набрзина да се опуштите со еден пијалак, никогаш не барајте силна пијачка. Или порачајте поголема доза од вашиот омилен пијалак или испијте неколку еден по друг.

Барањето на силен пијалак прави да изгледате лошо.

Не внесувајте ваш пијалак.

Кафулињата се бизнис и прават сè за да ве услужат. Некој работи напорно и заработува за живот од тоа.

Скришното внесување алкохол значи дека ги мамите и дека нема да заработат од вас, а тоа не е фер кога сте веќе таму.

bonton-pravila-koi-zadolzitelno-treba-da-gi-sledite-vo-kafule-04.jpg

Вашиот роденден не значи дека треба да добиете гратис пијачки.

Тие не ви должат честење само затоа што ви е роденден. Навистина нема потреба да им нагласувате дека сте родени токму на тој ден со цел да добиете некоја пијачка гратис.

Групно купување на „тури“ за целото друштво.

Кога сакате да го почестите цело друштво со тура пијачки од вас, нема потреба сите да одите до шанкот и да правите гужва.

Најдобро е само вие да појдете, па келнерот да ви ја донесе нарачката.

bonton-pravila-koi-zadolzitelno-treba-da-gi-sledite-vo-kafule-03.jpg

Не им додевајте на жените.

Ниту една жена не отишла во кафуле за вие да ѝ додевате цела ноќ. И таа, како и вие, отишла за да се види со пријателите, да испие пијачка на мир и да се забавува.

Додевањето, кога таа не ви дава знаци дека го сака вашето друштво, е навистина некултурно.

Не го преместувајте мебелот.

Тоа е кафуле, а не вашиот дом, па нема потреба да го преместувате мебелот за да одговара на потребите на вашето друштво.

Ако сакате дополнително столче или каква била промена, прашајте го келнерот или менаџерот.

bonton-pravila-koi-zadolzitelno-treba-da-gi-sledite-vo-kafule-05.jpg

Персоналот од кафулето има право да ве исфрли.

Ако не се водите по правилата и го рушите мирот на другите гости, персоналот од кафулето има право да ве исфрли во секој миг.

Тоалетот е за секого.

Не се задржувајте предолго во тоалетот и внимавајте на хигиената.

И други луѓе чекаат да влезат по вас, па треба да бидете цивилизирани.

Убаво е да оставите бакшиш.

Келнерите и шанкерите навистина се трудат за да ви овозможат пријатен престој, па ако заслужиле и сте имале добро искуство со престојот во кафулето, убаво е да оставите бакшиш.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg