Женски секојдневни навики кои го уништуваат изгледот
Сте помислиле ли колку навики имате кои ги правите секојдневно, но несвесно?
И дали знаете дека некои од нив му наштетуваат на вашето здравје, како и на убавината и изгледот.
Веројатно повеќето навики и вие ги правите механички без да размислувате на последиците, кои во моментот можеби звучат како ситница.
Сепак, треба да внимавате повеќе на некои работи, како што се следниве:
Седите на компјутер, а раката ви е на лице
Многу често кога работите на компјутер, раката ви стои на лицето, а допирањето лице со нечисти раце може да доведе до проблеми со кожата, посебно ако е склона на акни и иритации.
Вкрстување на нозете една преку друга
Оваа поза е штетна посебно за оние кои имаат проблеми со проширени вени, бидејќи протокот на крв е попречен. Последиците кои може понатаму да се појават се болки во долниот дел на грбот, како и во пределот на гениталиите.
Чешлање на косата по миење
Ова е една честа навика која многумина ја практикуваат, но всушност е штетна за косата, бидејќи мократа коса е многу почувствителна од сувата, а со чешлањето се оштетува уште повеќе.
Прекумерно гледање филмови
„Уште една епизода и си легнувам“ – реченицата со која секој се има излажано себеси. Научниците долго време зборуваат за опасноста од сината светлина на екраните, а последиците се стареење на кожата и хиперпигментација.
Нанесувате крема за сонце само на лицето
Веќе треба досега да знаете дека кожата треба да се штити од сонцето во сите годишни времиња и во секакви услови, независно каде се наоѓате. Но, тоа не значи заштитата да ја ставате само на лицето, туку и на деколте зоната, како и на рацете.
Ставање шминка веднаш по чупање на веѓите
Со секое движење на пинцетата и отстранување на влакненца се отвора врата за инфекции, па запомнете го ова и никогаш не ставајте шминка веднаш по чупањето.
Прво, измијте ја и избришете кожата за дезинфекција, а подоцна кога ќе нанесувате шминка, внимавајте четките да бидат чисти.
Врела купка
Премногу жешка купка или туш за некого е начин на релаксирање, но за кожата, тоа не е воопшто добро, бидејќи реакцијата е иста како горење од сонце. Намалете ја температурата на водата, како и времетраењето на купката.
М. М. | Црнобело