Исчистете го фрижидерот и испланирајте патување: 7 ритуали за посреќна 2018-та

Честитки и вие преминавте преку 2017-та!!! Без разлика дали изминатата година била лоша или неверојатно добра, почетокот на новата година е совршен момент за да си поставите пред себе реални предизвици.

iscistete-go-friziderot-i-isplanirajte-patuvanje-7-rituali-za-posrekna-2018-2.jpg

На самиот старт на јануари, зацртајте си ги своите цели без разлика дали станува збор за ново животно поглавје, патување или едноставно кафе со пријатели со кои одамна не сте се виделе.

iscistete-go-friziderot-i-isplanirajte-patuvanje-7-rituali-za-posrekna-2018-3.jpg

За да си го проектирате полесно патот кон посреќна, поздрава и позабавна 2018-та година, уште на почетокот на овој месец направете го следново:

Исчистете си го фрижидерот

Без разлика колку целото ова и да ви изгледа смешно и банално, доколку сте сериозни во идејата дека сакате во 2018-та да стекнете поздрави навики, чистењето на фрижидерот е веројатно првиот важен чекор кон постигнување на целта.

Поради новогодишните подготовки повеќе од веројатно е дека вашиот фрижидер сте го наполниле со секакви слатки и солени „задоволства“ кои едноставно може само да ја зголемат бројката на вагата, но и да ја отежнат работата на вашиот организам. Па, фатете се за работа и не размислувајте многу околу тоа.

Најдете начин како да менаџирате со стресот

Новите предизвици многу често несвесно ни вршат притисок. Без паника, потребно е само да ја преземете контролата во свои раце. Размислете што ви е потребно за да се релаксирате и направете го тоа.

Направете си амбиентална атмосфера, наполнете ја кадата, испијте чаша вино или едноставно купете си боенка и бидете креативни. Што и да ве смирува, тоа е токму она што ви е потребно за да започнете без притисок.

Испланирајте патување – букирајте карта

Можеби овој предлог ви изгледа смешно, покрај сите трошоци кои што ги имавте во предновогодишниот период, но овој период од годината можете да букирате најевтини летови, да резервирате сместување за летниот одмор или едноставно да видите кои места навистина вреди да ги посетите надвор од сезона.

iscistete-go-friziderot-i-isplanirajte-patuvanje-7-rituali-za-posrekna-2018-4.jpg

Прекинете ја токсичната врска

Нова година – нови почетоци! Ставете крај на врската која што ве заморува, немојте да се губите себеси и оваа година.

Исчистете си го бирото

Новите почетоци се секогаш добредојдени и на професионален план. Не само физички, своето биро исчистете го и од старите предмети, заостанати обврски и влезете во новата година со чисто портфолио и уште почисти мисли, подготвени за свежи идеи.

iscistete-go-friziderot-i-isplanirajte-patuvanje-7-rituali-za-posrekna-2018-5.jpg

Декорирајте ги ѕидовите

Направете промена во просторијата во која најчесто престојувате. Обојте ги ѕидовите, врамете ги убавите спомени, свежината во домот ќе направи да се чувствувате поразлично, а самото тоа ќе ви ги одведе мислите во друга насока.

iscistete-go-friziderot-i-isplanirajte-patuvanje-7-rituali-za-posrekna-2018-6.jpg

Најдете ново хоби

Ви здодеа да гледате филмови и да одите во теретана!? Изгаснете светло во собата и пуштете си тивка музика. Промената ќе биде и повеќе од видлива.

Планинарењето е секогаш добра и здрава варијанта. Доколку не сакате да одите сами, приклучете се на некоја од планинарските групи кои што ги има на социјалните мрежи, и новите пријателства се секогаш добредојдени.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg