Според карактерот: Кој член од кралското семејство сте вие?
Строги како кралицата Елизабета, шармантни како принцот Чарлс или привлечни како војвотката Кејт?
Британското кралско семејство е едно од најстарите и најпознати семејства на светот.
Тие живеат според строги правила, но сите имаат комплетно различни карактери.
Споредете го вашиот карактер со нивните и откријте кој член од кралското семејство сте:
Принцот Филип
Не се трудите премногу затоа што ја знаете вашата вистинска вредност и сила. Ќе сторите сè што е во ваша моќ да ја направите работата што ја сакате и иако не трагате по слава, таа самата како да доаѓа кај вас. Сепак, вие повеќе сакате да работите од сенка.
Кралицата Елизабета
Силни сте, строги и тактични. Гордо стоите на својата позиција и разбирате што значи авторитет. Не се плашите да носите тешки одлуки. Традиционални сте, но имате прогресивен ум и ги сфаќате промените што се случуваат околу вас.
Принцот Чарлс
Шармантни сте, нежни и имате манири. Вие можете да се снајдете во секоја улога што ви е доделена. Верувате во својот талент и делувате тактички, искрено и лојално. Имате способност за справување со комплицирани ситуации и се борите за некои свои повисоки цели.
Војвотката Камила
Вие сте дипломатски настроени и знаете како да се справите со тешки ситуации. Паметни сте и некои работи задржувате за себе. Ја знаете вредноста на дискрецијата и секогаш се потпирате само на своите таленти во пронаоѓањето на решенијата.
Принцезата Дијана
Вие сте личност што шармира само со тоа што сте. Вие сте силни, независни, едноставни и имате цврсти ставови. Се раководите само од сопствените правила и го живеете животот според своите замисли. Знаете да сакате безусловно и имате огромно срце.
Уште 4 членови на кралското семејство на следната страна...
Би можело да ве интересира:





