Бонтон правила кои ги прекршувате и ве прават некултурен соговорник

Погледнете во огледалото и поразговарајте со себе! Обрнете внимание дали вербалната и невербалната комуникација ви се соодветни!

bonton-pravila-koi-gi-prekrshuvate-i-ve-pravat-nekulturen-sogovornik-01.jpg

Не е што кажувате, туку како го кажувате. Можеби звучи клише, но навистина е така. Говорот на телото е круцијален дел од комуникацијата.

Начинот на кој се однесувате може да го промени комплетното значење на тоа што го кажувате.

Но, навиките со говорот на телото често се најтешки за промена. Стануваме толку навикнати да превртуваме со очите или да тресеме со ногата, што дури не забележуваме кога го правиме тоа.

Некои навики кога е говорот на тело во прашање, иако е тешко, мора да престанете да ги правите. Подоцна ќе си бидете благодарни сами на себе:

Нервозно тресење со ногата - Оваа навика демонстрира нервоза и недостиг на моќ.

Оставете ја косата на мир – Вака им го одвлекувате вниманието на луѓето, плус ја оштетувате вашата коса.

Нападни пози – Кога ќе ги прекрстите рацете, затоа што не знаете што да правите со нив, изгледате како да ви е некомфорно, немате доверба кон соговорникот и одбранбено сте поставени.

Чудни потези со рацете – Додека зборувате  користењето на рацете е ефективен начин за привлекување на вниманието на слушателите, но внимавајте да не посочувате со прст и да не правите претерана кореографија.

Влечење на нозете – Ако одите со влечење на нозете изгледате како личност без самодоверба и координација во животот.

Не се смеете – Смеењето демонстрира самодоверба, отвореност, топлина и енергија, па смејте се што почесто.

bonton-pravila-koi-gi-prekrshuvate-i-ve-pravat-nekulturen-sogovornik-02.png

Изгледате замислено – Не постои ништо поиритирачко од личност која не ви обрнува внимание додека зборувате. Изгледате како некултурна личност која не се грижи за другите.

Мрзеливо седите – Седнете исправено, доста лежевте на бирото згрбавени. Изгледате несамоуверено и лошо, плус си штетите на здравјето.

Непостоење или агресивен контакт со очите – Во контактот со очите умереноста е клучот. Серија на долги погледи е подобро отколку постојано непрекинато зјапање. Агресивниот контакт со очите е непријатен за соговорникот, но и непостоењето на контакт со очите говори лошо за вас, односно дека сте личност без самодоверба.

Флегматични сте – Не е добро да скокате наоколу, но и преголемата смиреност во текот на разговорите не е добра. Изгледате како да не сте заинтересирани за темата.

Не ви е соодветна вербалната и невербалната комуникација – Ако говорот на телото не ви соодветствува на зборовите, можете да бидете погрешно сфатени.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg