Што открива вашата омилена боја за вашиот карактер?

Ако сакате црвена вие сте оптимисти, ако сакате сина одговорни сте, а ако сакате зелена знаете да направите баланс помеѓу мозокот и срцето.

shto-otkriva-vashata-omilena-boja-za-vashiot-karakter-04.jpg

Боите го стимулираат мозокот на специфичен начин и имаме индивидуални реакции на различните бои.

Психолозите тврдат дека изборот на омилената боја кажува многу за нашата личност:

Сина

Вие сте доверлива и одговорна личност. Сакате стабилност и рутини. Вие сте предан, искрен и добар пријател. Откако некој ќе ја стекне вашата доверба го сакате безрезервно.

Црвена

Вие сте екстровертна и оптимистична личност. Храбри сте и доверливи, но и импулсивни на моменти. Сакате внимание, лесно се спријателувате со луѓето и никогаш не го одложувате за утре тоа што можете да го сторите денес.

shto-otkriva-vashata-omilena-boja-za-vashiot-karakter-02.jpg

Виолетова

Вие сте нежна, емпатична и личност полна со разбирање. Често ги запоставувате своите потреби за сметка на другите. Тивки, сте, горделиви и креативни. Интровертни сте и сакате неконвенционалност.

Зелена

Вие сте личност која знае да направи баланс помеѓу срцето и мозокот. Практични сте, имате високи морални вредности, тимски играч сте, но и анксиозни на моменти. Вие сте страстен и лојален партнер и пријател.

shto-otkriva-vashata-omilena-boja-za-vashiot-karakter-03.jpg

Жолта

Вие сте забавна, ведра личност, полна со креативни идеи. Сакате игри за мозокот и мала група на блиски пријатели. Независни сте и брзо носите одлуки.

Розова

Вие сте оптимистична личност која сака да биде негувана, но и да ги негува другите. Слатки сте, резервирани и понекогаш имате проблеми со самодовербата. Секогаш го гледате доброто во другите.

Портокалова

Вие сте храбра, ведра, енергична и оптимистична личност. Лесно се социјализирате, а понекогаш сте и малку нападни. Често сте мост помеѓу многу луѓе и сте загрижени за тоа што мислат другите за вас.

shto-otkriva-vashata-omilena-boja-za-vashiot-karakter-01.jpeg

Златна

Вие сте уникатна, харизматична личност, која прави другите да се чувствуваат добро во врска со себеси. Ги цените убавите работи, но некако како да привлекувате „лажни“ пријатели и партнери.

Црна

Вие сте моќна, сериозна личност, која сака престиж. Имате студена појава, но тоа е за да се заштитите од тоа да не ве повредат. Сакате сами да се справувате со своите емоции.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg