Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Џебови, ладни места, под перница: Каде не треба да го чувате телефонот?

Денес телефоните на сите ни се нешто без што не можеме да си го замислиме денот, а многумина, дури и ноќта.

djebovi-ladni-mesta-pod-pernica-kade-ne-treba-da-go-ostavate-telefonot-01.jpg

Целосно сме приврзани за нив и не ги испуштаме од раце – ги носиме секаде со нас, дури и во бања и во кревет додека спиеме.

Тешко е да се најде некој кој не е толку зависен од телефонот, а оние ретките, сите треба да им се восхитуваме и да земеме пример од нив.

Па, кога веќе е така, добро е да се знаат и некои научно поддржани факти за негативните влијанија од или на телефонот.

Дознајте на кои сѐ места не треба да го чувате телефонот:

Заден џеб

Ако имате навика телефонот да го ставате во задниот џеб на панталоните, следниве причини можеби ќе ве разубедат:

  • Телефонот има екран на допир кој реагира и на други работи освен нашите прсти, па можеби ќе притиснете нешто што не треба или ќе заѕвоните на некого.
  • Ако чувствувате болка во нозете и стомакот, тоа може да е последица на телефонот кој постојано го чувате во џеб.
  • Многу лесно може телефонот да ви падне, да го скршите, изгубите или да ви го украдат.

Преден џеб

Мажите ретко носат чантички, па најчесто телефонот го ставаат во преден џеб. Но, нивното здравје може да пати од оваа лоша навика. Истражувањата покажуваат дека електромагнетната радијација од телефонот, влијае на квалитетот и квантитетот на спермата.

djebovi-ladni-mesta-pod-pernica-kade-ne-treba-da-go-ostavate-telefonot-02.jpg

На колковите

Според истражувањата, држењето на телефон близу половината (џеб од јакна) ги ослабува коските на колковите.

До кожа

Бактериите од телефонот многу брзо се пренесуваат на кожата, па обидете се да не го допирате и да не доаѓате во директен контакт со нечистотии. Кога ќе зборувате, оддалечете го 0.5-1.5 cm од кожата на лицето.

djebovi-ladni-mesta-pod-pernica-kade-ne-treba-da-go-ostavate-telefonot-03.jpg

На ладни места

Ако е ладно и температурата паднала под 0-та, не заборавајте и на вашиот телефон. Не го оставајте предолго на ладно, како на пример во автомобилот или во рака додека вие со часови шетате надвор покриени со шалче и капче.

Кога правите промена од топло на ладно место, се создава кондензација, а ако ова се случува пречесто, може да доведе до внатрешни проблеми со телефонот.

djebovi-ladni-mesta-pod-pernica-kade-ne-treba-da-go-ostavate-telefonot-04.jpeg

Топли места

Високите температури се исто така лоши за електронските уреди и не е препорачливо да го чувате до извор на топлина.

Количка за деца

Мајките кои се во брзање, често го оставаат телефонот во количка, но некои истражувачи тврдат дека е ова небезбедно и дека телефоните може негативно да влијаат на однесувањето и хиперактивноста на децата.

Под перница

Веќе на сите ни е познато дека не треба да спиеме со телефонот, а дел од причините се следниве:

  • Навечер, кога стигаат нови нотификации, екранот најчесто се осветлува, а тоа влијае на лачењето на мелатонин, што може да доведе до проблеми со сонот.
  • После долг временски период, електромагнетните зрачења предизвикуваат главоболки и вртоглавици.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg