Утрински ритуали заради кои целиот работен ден ќе ви тргне наопаку

Во овие ладни, тмурни денови на сите ни е тешко да станеме наутро и потоа целиот ден ни е тежок, па сѐ што сакаме е побрзо да заврши работниот ден.

utrinski-rituali-zaradi-koi-celiot-raboten-den-kje-vi-trgne-naopaku-01.jpg

Но, и покрај тоа што времето влијае на расположението и енергијата во текот на денот, сепак има и други работи кои придонесуваат за денот да ви биде тежок.

Некои утрински навики кои повеќето ги имаат влијаат негативно и прават работниот ден да тргне наопаку.

Погледнете кои се тие и обидете се да ги избегнувате:

Проверување на социјални мрежи

Не е возможно во тие часови додека сте спиеле да се случило нешто толку неочекувано и важно, но сепак сите кога ќе се разбудиме, прво се фаќаме за телефонот и разгледуваме социјални мрежи.

Но, социјалните мрежи ја имаат таа моќ да ве „занесат“ па да изгубите осет за време и наместо да се напиете кафе, измиете или појадувате, вие го губите времето на неважни работи, а тоа најчесто завршува со доцнење.

utrinski-rituali-zaradi-koi-celiot-raboten-den-kje-vi-trgne-naopaku-02.jpg

Бирање облека

Ретко кој е толку дисциплиниран и си ја подготвува гардеробата за утрешниот ден пред спиење. Но, ако ништо друго, можете барем да си замислите што би облекле, за наутро да не мора да губите време и на тоа – нешто на што нѐ учат уште од мали.

Па, пред спиење, наместо да размислувате на секакви бесмислени работи кои никогаш не би ви паднале напамет, размислете на нешто што ќе ви биде потребно за да не задоцните и да не ви почне цел ден со брзање и нервоза.

utrinski-rituali-zaradi-koi-celiot-raboten-den-kje-vi-trgne-naopaku-03.jpg

Гледање телевизија

Гледањето телевизија пред да излезете од дома, додека се подготвувате за работниот ден, влијае исто како и социјалните мрежи. Може да се загледате во нешто и да поминат 10-15-20 минути без воопшто да забележите. Не паѓајте на оваа мамка ако не сакате денот да ви се претвори во ноќна мора.

utrinski-rituali-zaradi-koi-celiot-raboten-den-kje-vi-trgne-naopaku-04.jpg

Јаглехидрати за појадок

Нема ништо поубаво од тоа да „каснете“ некоја блага крофна, кроасан или лепче со џем пред да излезете, но проблемот е во тоа што кога ќе стигнете на работа повторно ќе бидете гладни.

Подобро земете овесна каша, јајце или тост со путер и кашкавал. Исто така можете да се напиете и некој топол пијалак, независно дали ќе биде чај или кафе, кој ќе ви помогне да бидете повнимателни и сконцентрирани.

utrinski-rituali-zaradi-koi-celiot-raboten-den-kje-vi-trgne-naopaku-05.jpeg

Влегување во дебата за лошото време

Метеж во сообраќајот, хаос во јавниот превоз, дождливо и калливо време – овие теми дефинитивно може да ви го уништат расположението, па обидете се да не се полните со негативна енергија уште на почетокот на денот и наместо тоа, полнете се со позитивна енергија.

utrinski-rituali-zaradi-koi-celiot-raboten-den-kje-vi-trgne-naopaku-06.jpg

Прерано доаѓање на работа

Покрај оние кои доцнат и со сигурност денот го почнуваат негативно, има и такви кои доаѓаат на работа прерано, кога е претивко, нема луѓе и можат на раат да си ја завршат работата што им останала и да се подготват за нови задачи.

Но, тоа значи дека тие имаат недостаток на сон што резултира со умор во телото и паѓање на концентрацијата во текот на работниот ден. 

utrinski-rituali-zaradi-koi-celiot-raboten-den-kje-vi-trgne-naopaku-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...
Мит или вистина: Дали патниците со црвени куфери најдолго чекаат на аеродром? Според виралното видео кое е објавено на социјалните мрежи и стана хит во сите с...
Работи што на вработените од разни сектори им е „преку глава“ да ги слушаат, низ илустрации Некои луѓе очекуваат бесплатна фотосесија од нивниот пријател кој е професионале...
Вежби за мозокот со кои ќе го намалите ризикот од деменција Играњето шах бара стратешко планирање и задржување на вниманието, при што ќе ви ...
Чанти, патики, џојстик – Како да препознаете евтини копии од оригинали? Како да препознаете оригинал патики од копии? На што треба да внимавате кога куп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg